IMG_7796

Многубројни прекршувања на правата на маргинализираните заедници

на фев 18, 16 • од

Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници го објави својот Годишен извештај за почитувањата на правата на маргинализираните заедници во 2015 година...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Многубројни прекршувања на правата на маргинализираните заедници

Здравствените права на луѓето што употребуваат дроги се загрозуваат од многубројните прекршувања на нивните човекови права при контакт со полицијата. Криминализацијата на луѓето што поседуваат дрога за лична употреба го загрозува нивното право на здравје. Најбројни жртви на повреди на правата во полициските акции за „сузбивање на дрогата“ се рекреативните корисници на „тревкаста материја“.

Лицата што се лекуваат од зависност од дрога укажуваат на многубројни повреди на нивните здравствени права при контакт со полициски службеници: повреда на правото на лекување преку незаконито одземање и/или истурање на метадонската терапија, повреда на правото на приватност и доверливост во однос на медицинските податоци, вознемирување на клиентите во центрите за намалување штети, ускратување на правото на лекар во случаи на апстиненцијална криза и искористување на симптомите на апстиненцијална криза за изнудување признанија, присилување на тестирање за урина без согласност, итн.

Ова се само дел од констатациите на Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, вклучени во Годишниот извештај за состојбата со сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници во Македонија за 2015 година.

Во извештајот се наведени и неколку случаи на повреда на правата на маргинализираните заедници: индиции за повеќекратни повреди на здравствените права на пациенти во метадонскиот центар во Велес, криминализација и негативни претставувања на сексуалните работници во ТВ-емисија, системско прекршување на правото на приватност и правото на заштита од дискриминација на транс-лицата, како и критика до Јавното обвинителство кое уште нема реагирано за ниту еден пријавен случај на говор на омраза од 2014 година.

Трендот на неказнување на физичко насилство, мотивирано од омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, продолжи и во 2015 година. За ЛГБТИ активистите кампањата на Владата за уставно дефинирање на бракот е поттикнување на дискриминација и говор на омраза врз основа на сексуална ориентација и една од причините за ваквиот негативен тренд.

Коалицијата посочи и на дискриминаторските училишни помагала во кои хомосексуалноста е опишана како неприродна, нездрава и како еден од факторите кои го загрозуваат опстанокот на човечкиот вид.

Во извештајот се потенцира и начинот на кој се избра новиот состав на Комисијата за заштита од дискриминација во која има членови што јавно потикнувале говор на омраза и отворено застапувале хомофобни ставови. 

Годишниот извештај на јавноста и го презентираа Жарко Трајаноски, автор на извештајот и консултант за човекови права при Коалицијата СЗПМЗ, Наташа Бошкова, правна застапничка во Коалицијата и Драгана Дрндаревска, асистентка во изготвувањето на Извештајот.

 

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top