Медиумско Огледало: Многу шпекулации – малку факти!

на фев 26, 06 • од

Сугестивниот и манипулативниот пристап кон информациите и фактите кај голем дел од телевизиите се забележува уште во самите најави на прилозите. Најавите се многу долги, обременети се со коментари пред да бидат изнесени фактите и аргументите во самиот прилог и неретко имаат тенденциозен (алармирачки, критички, негирачки, навивачки ...) карактер. Ваквите најави не само што го отежнуваат препознавањето на новинарскиот жанр, туку уште повеќе го отежнуваат препознавањето на фактите, аргументите и на изворите на информации. Начинот на кој определени медиуми ги „пакуваат“ најавите не придонесува кон објективното информирање на граѓаните...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Медиумско Огледало: Многу шпекулации – малку факти!

Печатените и електронските медиуми многу често наместо факти објавуваат шпекулации презентирани како „факти“, и тоа најчесто преку анонимни извори или пак како мислење и став на самиот автор,новинарот. Едновремено, многу е мал бројот на новинарски текстови и прилози кои имаат чист информативен карактер и кои се потпираат исклучиво на факти и на јасно наведени извори. И покрај обидите на медиумите да ги објаснат причините заради кои се приморани да користат анонимни извори, останува отворена и легитимна дилемата дали новинарите преку анонимните извори, сепак, не ја „зло“-употребуваат можноста на јавноста да и ги презентираат, па дури и да и ги наметнат своите ставови и мислења за определени општествени прашања и проблеми.

 

Сугестивниот и манипулативниот пристап кон информациите и фактите кај голем дел од телевизиите се забележува уште во самите најави на прилозите. Најавите се многу долги, обременети се со коментари пред да бидат изнесени фактите и аргументите во самиот прилог и неретко имаат тенденциозен (алармирачки, критички, негирачки, навивачки …) карактер. Ваквите најави не само што го отежнуваат препознавањето на новинарскиот жанр, туку уште повеќе го отежнуваат препознавањето на фактите, аргументите и на изворите на информации. Начинот на кој определени медиуми ги „пакуваат“ најавите не придонесува кон објективното информирање на граѓаните.

 

Ова се дел од констатациите на мониторингот на медиумите војануари 2006 година, кој го спроведе НВО Инфоцентарот, во рамките на континуираната Програма за квалитативно набљудување на медиумите во Македонија – „Медиумско огледало“. Мониторингот има за цел да даде јасна слика за професионалните стандарди и критериуми на информирање на медиумите, но и за начинот на кој тие ги следат и интерпретираат клучните општествени процеси инастани.

 

Интегралниот текст на декемврискиот извешај ќе го најдете подолу.

Медиумско огледало бр.5, јануари 2006 – PDF верзија (424KB)

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top