8090351628_369d7b5812_z

Месечен извештај на Транспарентност Македонија

на јул 3, 14 • од

Транспарентност Македонија (ТМ) го објави месечниот јунски извештај за состојбите во борбата против корупцијата и состојбата со транспарентноста во Македонија. Во извештајот централно место зазема аферата околу продажбата на „Македонска банка“ и отфрлањето на кривичната пријава од страна на јавниот обвинител...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Месечен извештај на Транспарентност Македонија

Транспарентност Македонија (ТМ) го објави месечниот јунски извештај за состојбите во борбата против корупцијата и  состојбата со транспарентноста во Македонија. Во извештајот централно место зазема аферата околу продажбата на „Македонска банка“ и отфрлањето на кривичната пријава  од страна на јавниот обвинител.

„Одлуката на јавниот обвинител Марко Зврлевски да не покрене истрага за случајот „Македонска банка” означува заокружување на состојба на зомби-држава во која постојат закони, процедури и знаење кои се во состојба на клиничка смрт. Неговото трагикомично објаснување за отфрлањето на тужбата ќе остане како каментемелник за идните генерации кои ќе треба да научат да препознаваат кога институциите ја убиваат правната држава, се вели во Извештајот на ТМ.

Во месечниот извештај, нотирани се и низа недостатоци и неправилности во функционирањето на Градот Скопје, како и на јавните претпријатија кои се формирани од Градот и се под негова ингеренција.

„Владејачкото мнозинство во Градот Скопје, предводено од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, на последната седница на Советот на Град Скопје, без некои поголеми дискусии од нивна страна, а најверојатно и без да бидат анализирани или барем прочитани документите по кои се расправаше, без да бидат засегнати од последиците, ги изгласаа сите точки што беа на дневниот ред за таа седница. Некои од точките се со сомнителна содржина и оставаат простор за низа сомнежи поврзани со можни коруптивни практики: Проект „Панорамско тркало“, Проект „Луна Парк“ и контроверзните задолжувања на ЈП „Водовод и канализација“, се наведува во дел од извештајот.

Во извештајот се разработуваат и темите за најавените уставни промени, работата на Државната комисија за спречување корупција, бришењето на долговите на сиромашните, како и целосната состојба во судскиот систем.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top