media1

Медиумско oгледало 2011: МЕДИУМСКИ МАНИПУЛАЦИИ И ПРОПАГАНДА

на јан 27, 11 • од

Извештај манипулативните методи и пропагандни техники користени од страна на новинарите и медиумите во Македонија за неколку значајни настани кои привлекоа големо медиумско внимание во 2011 година...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Медиумско oгледало 2011: МЕДИУМСКИ МАНИПУЛАЦИИ И ПРОПАГАНДА

НВО Инфоцентарот, во соработка со Центарот за развој на медиуми и Центарот за нови медиуми, подготви извештај за неколку значајни настани кои привлекоа големо медиумско внимание во 2011 година: состојбата во медиумите и медиумските слободи во Македонија, смртта на младиот Мартин Нешковски, инцидентот на трибината во Европскиот парламент во Брисел посветена на слободата на медиумите во Македонија и процесот на лустрација, односно лустрацијата на Владимир Милчин, влијателен граѓански активист, како најекспониран случај во рамките на овој процес.

Покрај прегледот на начинот на кој медиумите известуваа за овие настани, текстот дава и општ преглед на најзастапените манипулативни методи и пропагандни техники користени од страна на новинарите и медиумите во Македонија во анализираните случаи.

Пресекот на состојбата со медиумите и слободата на говорот во Македонија е претставен во првиот дел на анализата – контекстот, вториот дел се однесува на случаите Мартин Нешковски, инцидентот во Брисел и лустрацијата на Владимир Милчин, третиот дел го содржи прегледот на најчесто застапените манипулативни техники, додека последниот, четврти дел ги содржи заклучоците.

Треба да се напомне дека предмет на анализа беа новинарските прилози и текстови посветени на овие теми во првите седум дена на секој поединечен случај.

Медиумско огледало 2011: МЕДИУМСКИ МАНИПУЛАЦИИ И ПРОПАГАНДА (462KB)

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top