download (3)

Медиумите се загрижени за европската иднина на Македонија

на ное 5, 07 • од

Македонските медиуми се загрижени од развојот на настаните кои имаат или може да имаат значајно влијание врз европската иднина на државата. Според нив, Владата не успева да оствари консензус преку дијалог на политичките актери во Македонија, за прашања кои спаѓаат во рангот на приоритетни национални и државни интереси. Медиумите ги загрижува зачестеноста на неповолните оцени и разочараноста на ЕУ од неуспехот на македонската влада да ги исполни очекувањата за напредокот на Македонија во спроведувањето на неопходните реформи...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Медиумите се загрижени за европската иднина на Македонија

Македонските медиуми се загрижени од развојот на настаните кои имаат или може да имаат значајно влијание врз европската иднина на државата. Според нив, Владата не успева да оствари консензус преку дијалог на политичките актери во Македонија, за прашања кои спаѓаат во рангот на приоритетни национални и државни интереси. Медиумите ги загрижува зачестеноста на неповолните оцени и разочараноста на ЕУ од неуспехот на македонската влада да ги исполни очекувањата за напредокот на Македонија во спроведувањето на неопходните реформи. Според повеќето медиуми, во Брисел владее впечатокот дека постојат пречки во вкупното функционирање на институциите на државата.

Едновремено, медиумите во државава, во континуитет ја критикуваат Владата поради финансиската нетранспарентност на нејзините медиумски кампањи: „Цените на вла­дините кампањи стануваат државна тајна број еден“. Повеќето јавни гласила му сугерираат на Премиерот да ги објасни трошоците за кампањите, затоа што „Кампања, по кампања, впечатокот (за транспарентноста) почнува да се топи“.

Ова се само дел од констатациите на континуираниот квалитативен мониторинг на медиумите во Македонија – „Медиумско огледало“, кој го спроведува НВО Инфоцентарот, а кој се однесува на септември годинава.

Медиумско огледало, септември 2007 – PDF верзија (361KB)

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top