greece_fyrom_flags

Медиумите и „процесот во Хаг“

на јан 31, 12 • од

НВО Инфоцентарот, во периодот од 10 февруари до 31 март, и од 1 октомври до 7 декември 2011 година, спроведе мониторинг на информирањето на медиумите за процесот поврзан со тужбата на Македонија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Медиумите и „процесот во Хаг“

НВО Инфоцентарот, во соработка со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), a со финансиска поддршка на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), во периодот од 10 февруари до 31 март, и од 1 октомври до 7 декември 2011 година, спроведе мониторинг на информирањето на медиумите за процесот поврзан со тужбата на Македонија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг (понатаму во текстот: процесот во Хаг).

Во првиот период на мониторинг беа опфатени седум дневни весници („Утрински весник“; „Дневник“; „Вест“; „Вечер“; „Време“; „Нова Македонија“ и „Шпиц“) и централните информативни емисии на седум телевизии со национална и сателитска концесија („А1“; „Канал 5“; „Сител“; „Телма“; „МТВ1“; „Алфа“и „АлсатМ“).

Со вториот период на мониторингот беа опфатени шест дневни весници („Утрински весник“; „Дневник“; „Вест“; „Вечер“; „Нова Македонија“ и „Фокус“) и централните информативни емисии на седум телевизии со национална и сателитска концесија („ 24  вести“; „Канал 5“; „Сител“; „Телма“; „МТВ1“; „Алфа “ и „АлсатМ“).

Во рамките на мониторингот предмет на анализа беа следните форми на новинарски прилози: вести, изјави, извештаи, коментаторски извештаи, коментари, анализи, интервјуа, фотовести.

Анализата на информирањето на медиумите за процесот поврзан со тужбата на Македонија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, во периодот од 10февруари до 31 март 2010 година, покажа:

  • Отсуство на јавна дебата и подлабока анализа, што најверојатно се должи на неколку причини: а) политичките партии се согласија дека нема да коментираат за процесот; б) Новинарите беа брифирани од Министерството за надворешни работи (МНР) дека за време на процесот државата е под постојан мониторинг од страна на Судот и согласно правилата, државата по поднесувањето писмен поднесок треба да се воздржува од изнесување нови аргументи што можат да влијаат врз процесот; и в) Новинарите немаат доволно познавање и експертиза за работата на Меѓународниот суд на правдата и за меѓународоното право воопшто.
  • Граѓаните добија јасна и недвосмислена порака од Владата дека според неа процесот во Хаг е исклучиво правен, и е независен од процесот на преговори за името што се одвива со Република Грција, кој, пак, има исклучиво политички карактер.
  • Повеќето медиуми јасно и детално ги презентираа аргументите на македонската и на грчката страна во процесот, и тоа главно од официјалните претставници на државите, иако беше видлив обидот да се креира јавно мислење дека Македонија ја очекува позитивен исход од овој процес.
  • Новинарите се обидоа да добијат одговор на прашањето каква пресуда може да очекуваме, и какво ќе биде влијанието на одлуката врз преговорите за името и врз зачленувањето на Македонија во Европската унија и во НАТО. Но, единствените извори на информации на оваа тема беа експертите, чии размислувања се движеа од тоа дека случајот пред Хаг е целосен апсурд, па се до тврдењата дека Грција е свесна дека ќе го изгуби спорот и дека тоа ќе се одрази на преговорите за името во корист на Македонија. Некои експерти дури тврдеа дека за Македонија ќе биде најдобро ако Судот се прогласи за ненадлежен.
  • Медиумите не го објавија комплетниот состав на македонскиот правен тим, иако сите членови и нивната експертиза требаше да и бидат достапни на јавноста. Остана нејасно и тоа дали тимот е составен од 13, 15 или од 16 членови и дали во него има четворица, петмина или шестмина адвокати од странство.

Медиумите и „процесот во Хаг“

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top