1

Општина Маврово и Ростуше: Транспарентност и вклучување на граѓаните

на ное 3, 19 • од

Препорачуваме општината да ги зајакне механизмите/ формите за консултирање и вклучување на граѓаните во креирањето и спроведувањето локални политики...
Pin It

Home » Анализи » Општина Маврово и Ростуше: Транспарентност и вклучување на граѓаните

НВО Инфоцентарот, во соработка со организациите „Рекански бисер“ и Зеукс „Тритон“ од Ростуше, спроведе квалитативен мониторинг на транспарентноста на општинските власти спрема граѓаните и на механизмите за вклучување на граѓаните во процесите на креирање и спроведување локални политики.

Набљудувањето беше реализирано во периодот мај – септември 2019 година. Во текот на мај беа спроведени квалитативни интервјуа преку структурирани прашалници, со неколку претставници од општината и руралните месни заедници. Исто така, во мониторингот беше вклучена и анализа на клучните документи на општината, како и на нејзината официјална интернет-страница.

Mavrovo i RostusheВо овој извештај се содржани клучните наоди и препораки за локалните власти во насока на унапредување на квалитетот на комуникацијата со граѓаните и нивно активно учество на локално ниво.

Оваа активност е дел од проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од Меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.

Извештајот е достапен на македонски, турски и англиски јазик.

Mavrovo and Rostushe Report

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top