20150401-srednoshkolcite-so-zholti-kartoni-ja-dadoa-svojata-posledna-opomena-m

Матурата и идното образование не смее да се користат како уцена врз средношколците!

на апр 21, 15 • од

Крајно неприфатливо е институциите и лицата кои се надлежни за образованието и развојот на младите луѓе во државата, да се однесуваат игнорантски и инквизиторски спрема 18.000 средношколци. Нивната академската иднина никој нема право да ја користи како средство за уцена и закана...
Pin It

Home » Активности, Слобода за слободата на изразување » Матурата и идното образование не смее да се користат како уцена врз средношколците!

НВО Инфоцентарот им дава целосна поддршка на средношколците во нивната битка за подобро образование, и во пресрет на протестниот марш, изразува голема загриженост заради се позасилените  притисоци и закани врз нив и нивните родители.

Крајно неприфатливо е институциите и лицата кои се надлежни за образованието и развојот на младите луѓе во државата, да се однесуваат игнорантски и инквизиторски спрема 18.000 средношколци. Тие наместо да разговараат со нив и заеднички да бараат решение, се оглушуваат на барањата на средношколците и ги изложуваат на различни форми на притисок вклучувајќи ја и заканата за наводната неможност да ја полагаат матурата во предвидениот рок.

Ваквите притисоци и закани мора веднаш да престанат и на младите треба да им се овозоможи слободно и непречено да го остварат своето право на протест и слободно изразување. Впрочем тоа е и обврска на една држава која се грижи за својата млада популација.

Што се однесува до полагањето на матурата, надлежното министерство ќе мора да го реализира во време и на начин кога тоа ќе биде соодветно и прифатливо за средношколците, и тоа никако не смее да биде на штета на нивното идно школување.  Нивната академската иднина никој нема право да ја користи како средство за уцена и закана.

Имајќи го сето ова предвид, НВО Инфоцентарот уште еднаш потсетува дека граѓаните во Република Македонија, и според Уставот и според сите меѓународни документи кои ги има ратификувано државата, имаат право слободно и непречено да ги градат и искажуваат своите ставови и мислења, и имаат право на слободно собирање и изразување мирен јавен протест. Дури и Конвенцијата за правата на децата им ја гарантира на младите, слободата на мислење, на здружување и на  мирно протестирање.

Затоа, НВО Инфоцентарот, в четврток, ќе излезе и ќе маршира заедно со средношколците!

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top