Извештај на „Индекс на цензурата“
Македонија се наоѓа на десеттото место во Европа според загрозувањето на слободата на медиумите и според случаите на притисоци и закани врз новинарите. Ова го покажува најновиот извештај на организацијата Индекс на цензурата, кој во континуитет ги мапира медиумските слободи во Европа.
Најмногу случаи на загрозување на слободата на медиумите – 113, во периодот мај 2014 – април 2015, се регистрирани во Турција, додека во Македонија биле забележани 25 закани и напади врз новинарите. Вкупниот број на инциденти во Европа изнесува 750 , од кои 89 се физички напади, а 13 резултирале со смрт на медиумски работници.
Интегралниот извештај на Индекс на цензурата може да го прочитате на овој линк: https://www.indexoncensorship.org/europes-journalists-face-growing-climate-of-fear/