timthumb

Луми Бекири: Говорот на омраза не смее да се игнорира

на јул 20, 16 • од

Луми Бекири: И најмалиот и најнезабележливиот говор на омраза кон мене, го користам со моите методи на сарказам, или иронија, или нешто слично, за да укажам дека постои тоа тука и на некој начин да се бориме против тоа.“...
Pin It

Home » Активности, Слобода за слободата на изразување » Луми Бекири: Говорот на омраза не смее да се игнорира

Неодамна, Советот за етика на медиумите на Македонија (СЕММ), ги прогласи за основани  жалбите на Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ против интернет порталите Инфомакс и Журнал за текстот со наслов „ПРОНАЈДЕНО РЕШЕНИЕТО: Љуми Бекири е шиптар, педер, комуњар и соросоид и се предлага како идеално решение за СДСМ“.

 

          Фотографија: Извадок од одлуката на СЕММ

СЕММ утврди дека со текстовите на порталите се повредени повеќе членови од Кодексот на новинарите на Македонија, вклучително и забраната за употреба на говор на омраза.

Според Коалицијата СЗПМЗ, сé повеќе се користи различната сексуална ориентација и родов идентитет на активисти со цел пресметување со политички неистомисленици и нивно омаловажување и дискредитирање.

Одлуката на Советот за етика во медиумите на Македонија беше повод да разговараме со Луми Бекири, кој е повеќекратна жртва на говор на омраза, не само во медиумите, туку и на социјалните мрежи.

Луми Бекири смета дека говорот на омраза не треба на никој начин да се игнорира:

И најмалиот и најнезабележливиот говор на омраза према мене што ќе се појави јас го користам со моите методи на сарказам, или иронија, или нешто слично, за да укажам дека постои тоа тука и на некој начин да се бориме против тоа.

Коалицијата СЗПМЗ смета дека говорот на омраза е потребно да се санкционира од страна на институциите на системот, со цел да се превенира и да се обезбеди ефикасна заштита:

Со оглед на тоа дека Јавното обвинителство сè уште не презема конкретни дејствија за санкционирање на говорот на омраза, сметаме дека во Македонија не постои ефикасен и ефективен начин на справување со истиот, со што, преку молкот се одобрува хомофобијата и трансфобијата од страна на институциите.“

Линк до прилогот на Слободна.мк.

 

——————

Прилогот е подготвен и објавен на порталот Слободна.мк, како дел од проектот „Застапување за слобода на изразување“ на НВО Инфоцентарот и Центарот за развој на медиуми, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top