14

Крива Паланка: Презентација на мониторинг извештај за транспарентноста на општината

на ное 4, 19 • од

Во присуство на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и на други претставници од општината, институциите, граѓанските организации, на 4 ноември, извршната директорка на НВО Инфоцентар, ги претстави резултатите од мониторигот на транспарентноста и механизмите за вклучување на граѓаните во креорањето политики во Општина Крива Паланка...
Pin It

Home » Активности » Крива Паланка: Презентација на мониторинг извештај за транспарентноста на општината

Во присуство на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и на други претставници од општината, институциите, граѓанските организации, на 4 ноември, извршната директорка на НВО Инфоцентар, Билјана Бејкова ги претстави резултатите од мониторигот на транспарентноста и механизмите за вклучување на граѓаните во креорањето политики во Општина Крива Паланка.

Клучни наоди и препораки:

• Општината има високо ниво на транспарентност и отчетност.

• Општинската интернет-страница обезбедува лесен и сеопфатен прстап до информации и документи.

• Добрата практика на консултирање и вклучување на граѓаните треба да се одржува и да се интензивира со нови и различни содржни.

• Јавните расправи, форумите, дискусиите и средбите на општината и градоначалникот со граѓаните добро е да се организираат почесто и тоа, во самите месни заедници.

• И покрај нерешениот правен статус на месните заедници, добро е што општината се бидува да ги организира и заживее во руралните средини.

• Треба да лобира за законски измени со кои ќе се унапреди статусот на месните заедници бидејќи тие се основната алка за директна комуникација и вклучување на граѓаните.

• Натамошното интензивирање и продлабочување на соработката на општината со граѓанските организации, ќе биде поттик за граѓаните да бидат про-активни и директно да учествуваат во развојот на локалната заедница.

• Препорачуваме општината да ги унапреди механизмите за мерење на задоволството на граѓаните.

• Потребно е да се доразвие анкетата на интернет-страницата која во моментов е единствената алатка за сондирање на ставовите на граѓаните.

Мониторингот го спроведе НВО Инфоцентар, во соработка со Регионалниот центар за соработка „Спектар“, Центарот за младински иницијативи „Цик-цак“ и Норгес Вел од Крива Паланка, во периодот мај – септември 2019 година, во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, финансиски поддржан од меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top