ngo_logo

Конкурс за доделување грантови на граѓански организации

на сеп 30, 14 • од

Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ) објавува Конкурс за доделување грантови со цел да ги поддржи граѓанските организации во Република Македонија, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество обезбедува поддршка за граѓанското општество за поттикнување демократски реформи...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Конкурс за доделување грантови на граѓански организации

Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ) објавува Конкурс за доделување грантови со цел да ги поддржи граѓанските организации во Република Македонија, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество обезбедува поддршка за граѓанското општество за поттикнување демократски реформи. Овој проект е дизајниран да придонесе кон зајакнување на граѓанските организации во обезбедувањето локални поддржувачи, залагањето за решавање прашања што претставуваат предизвик и градењето ефективни коалиции што можат да ги зајакнат нивните застапувачки. Тоа се постигнува преку: 1) зголемување на поддршката од граѓаните и поттикнување граѓански активизам и учество; 2) зајакнување на граѓанските организации да спроведуваат надгледување на властите и застапување за јавни политики; и 3) воспоставување мрежи и платформи за поголема мобилизација, соработка и солидарност меѓу граѓанските организации.

ФООМ го објавува овој Конкурс за доделување грантови со цел да ги поддржи граѓанските организации во Република Македонија, преку следниве два вида грантови:

  1. Поддршка за граѓански организации што дејствуваат како демократски јадра во нивните заедници, имаат искуство и кредибилитет во промовирањето граѓанско учество и имаат капацитет да ги мобилизираат граѓаните и да поттикнат граѓански иницијативи (грантови во износ до 33.000 американски долари);
  2. Поддршка за граѓански организации ангажирани во надгледување на властите и застапување засновано на истражувања, во следните области: Собрание, владеење на правото, судство, медиуми, трошење на јавните пари, финансирање на политичките партии, политики што се однесуваат на граѓанското општество, младински политики, родова еднаквост, политики за лица со посебни потреби, усогласеност со политичките критериуми на Европската Унија (ЕУ) и апсорпција на фондовите на ЕУ (грантови во износ до 40.000 американски долари).

Секој предлог – проект треба да биде поднесен на образецот за пријавување на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, вклучувајќи го образецот за буџет, и сите потребни прилози.

Рокот за пријавување е 31 октомври 2014 година, до 16 часот.

Материјалите за пријавување се достапни на: www.fosm.mk и www.civilsociety.mk.

Распоред на локални информативни сесии за организациите кои имаат намера да поднесат пријава:

  • Струмица, 6 октомври 2014 (понеделник), 11 часот, Дом на АРМ
  • Куманово, 6 октомври 2014 (понеделник), 16.30 часот, Поранешен комитет Куманово, кружна сала
  • Гостивар, 7 октомври 2014 (вторник), 14 часот, сала на општина Гостивар
  • Прилеп, 8 октомври 2014 (среда), 12 часот, хотел „Кристал палас“
  • Струга, 9 октомври 2014 (четврток), 11 часот, хотел „Дрим“
  • Скопје, 10 октомври (петок), 12 часот, Скопски саем, сала Дипломатик

 

Проектот на УСАИД за граѓанско општество е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД), а го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), во партнерство со четири локални граѓански организации: Младински образовен форум, Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, Центар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top