1374202_435584549881668_254754102_n

Коалицијата СЗПМЗ ја поздравува реакцијата на АВМУ за говорот на омраза на Неделковски

на мар 18, 16 • од

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници – Скопје“ ја поздравува реакцијата на АВМУ, во која укажува дека ТВ Канал 5 освен што покажува непознавање на медиумската регулатива, се обидува да изврши притисок врз регулаторното тело да не го спроведува Законот...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Коалицијата СЗПМЗ ја поздравува реакцијата на АВМУ за говорот на омраза на Неделковски

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници – Скопје“ ја поздравува реакцијата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги,  во која  укажува дека ТВ Канал 5 освен што покажува непознавање на медиумската регулатива, се обидува да изврши притисок врз регулаторното тело да не го спроведува Законот:

- Агенцијата укажува дека ќе продолжи да ја врши својата работа професионално и да инсистира радиодифузерите во целост да го почитуваат Законот. Од објавениот дописот на ТВ Канал 5 до Агенцијата (16.03.2016), потпишан од управителот и главниот уредник, може да се види дека Канал 5 изразува „жалење и осуда“ што Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги утврдила дека „Канал 5 телевизија сторила повреда на законската забрана за ширење и поттикнување дискриминација, нетрпеливост и омраза…“.

Поконкретно, Канал 5 се жали на констатацијата на Агенцијата дека ставовите изнесени во неколку изданија на „Миленко Неделковски шоу“, „во еден дел претставуваат јасни случаи на дискриминација врз основа на сексуална ориентација, а во некои постои обид тие да се затскријат зад навидум разумни и нормални зборови.“

„Канал 5“ бара од агенцијата „да ни бидат предочени имињата на оние кои го потготвиле овој скандалозен писмен извештај, за да можеме соодветно да реагираме пред соодветните институции...“.

На крајот, Канал 5  ја известува агенцијата дека го контактирале Миленко Неделковски и „му предочивме доколку се повторат овие „спорни“ вербални моменти, Канал 5 ќе го раскине договорот за емитување…“.

Во остриот одговор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги  (18.03.2016) се укажува на повеќе манипулации од страна на Канал 5. Исто така, се тврди дека со барањето за посочувањето  имиња на подготвувачите на извештајот Канал 5 се заканува и се обидува да заплаши: „Вие директно им се заканувате и правите обид да ги заплашите вработените во Стручната служба на Агенцијата и вршите притисок врз регулаторното тело да не го спроведува законот“.

Според Агенцијата, Канал 5  признал дека извештајот е вистинит, со тоа што му укажал на Миленко Неделковски дека договорот за емитување ќе му биде раскинат, „доколку се повторат овие „спорни“ моменти“.

Коалицијата бара од Комисијата за заштита од дискриминација итно да постапи врз основа на доставениот „Писмен извештај за извршен програмски надзор“ во кој се укажува дека „прекршувањето се однесува на тоа што во неколку по ред последователни емисии кои се однапред снимени… ТВ Канал 5 носи уредничка одлука да му овозможи на авторот на емисијата да биде извор на хомофобија и говор на омраза врз основа на сексуална ориентација“.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top