Членовите на Проект ЕУ од Кавадарци, на 12 ноември, имаа можност да се консултираат со експертскиот тим на НВО Инфоцентарот и со консултантот Љупчо Петковски, за процесот и клучните сегменти за организирање успешни и ефективни јавни настани.
Оваа активност се реализираше во рамки на проектот “Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво”, поддржан од меѓународниот центар Улоф Палме.