images

Канал 77: Владата преку законот за владини кампањи директно ќе ги корумпира медиумите

на јул 5, 16 • од

Радиото Канал 77 нема да учествува на експресната јавна расправа за законот, закажана за 6-ти јули од страна на Министерството за информатичко општество и администрација...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Канал 77: Владата преку законот за владини кампањи директно ќе ги корумпира медиумите

Радио Канал 77 нема да присуствува на закажаниот работен состанок, на 6 јули,  во Министерството за информатичко општество и администрација, во врска со експресната јавна расправа за предлог-законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институци, соопшти Радиото.

Радио Канал 77 не се согласува Владата дирекно да влијае врз пазарот на реклами со што преку маркетинг агенција, која таа ќе ја избере ќе одредува висина за CPP (Cost-Per-Rating-Point).

„Ќе бара извештаи од приходи од спонзорства и донации од медиумите за да одбива финансирање од владини реклами. Има и други небулози кои што директно ќе се одразат на целиот медиумски пазар и во иднина ова може да биде репер на сите огласувачи за економски маркетинг. Ќе се прави истражување на пазарот без можност за проверка на методологијата на истражувачките организации. Уште пострашно е што овој Закон е за распределба на пари над 100.000 евра, а додека малите финансирања кои се во огромен број од јавните претпријатије и општините, повторно лебдат во етерот во Македонија.

И како конечна цел, директна легална корупција на медиумите кои можат да бидат избрани од маркетинг агенција или нема да бидат избрани, ќе ги озакони сите девијантни дејствија и ќе ги загуши сите слободни медиуми и се ќе биде по закон“, се наведува во соопштението на Канал 77.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top