850_0360

Јавна дебата за алтернативни простори за култура во Крива Паланка

на окт 14, 22 • од

Крива Паланка има неколку соодветно уредени простори за културни настани, но недостасуваат алтернативни места каде ќе се одвиваат поразлични форми на уметничко изразување и презентирање. Главно недостасуваат мали сцени за камерни настани и за мултимедијални проекти, а има потенцијали одредени постоечки локации да се уредат во нови алтернативни простори за културни содржини, заклучија учесниците на [&hellip...
Pin It

Home » Активности » Јавна дебата за алтернативни простори за култура во Крива Паланка

Крива Паланка има неколку соодветно уредени простори за културни настани, но недостасуваат алтернативни места каде ќе се одвиваат поразлични форми на уметничко изразување и презентирање.

Главно недостасуваат мали сцени за камерни настани и за мултимедијални проекти, а има потенцијали одредени постоечки локации да се уредат во нови алтернативни простори за културни содржини, заклучија учесниците на јавната дебата, но и граѓаните што одговорија на онлајн прашалникот.

Панелисти на дебатата беа Натали Велеска, ахитект и Ѓорги Костовски, историчар на уметност.

850_0418 850_0388 850_0420 850_0360

 

 

 

 

Како потенцијални простори за алтернативна културна сцена беа посочени: испосницата на „Св.Јоаким Осоговски“ во село Градец, Осоговскиот манастир, недовршената сала кај мотел „Македонија“, предворјето на Градската црква „Св. Димитриј“, коритото на Крива Река, запуштените фабрички хали и други неискористени објекти од затворен и отворен тип.

Јавната дебата беше последена со изложба на фотографии од алтенативни простори, концепти за преуредување на локациите и концерт на „Игуана бенд“.

Настанот го организираше Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка, како дел од проектот „Здружени за активно граѓанство“, што го спроведува НВО Инфоцентар, со поддршка на Европската Унија.

850_0610 850_0651 850_0496 850_0488

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top