На иницијатива на десет граѓански организации се основа мрежа на граѓански организации за отворено владино партнерство (ОВП). Основна цел на мрежата е да го координира и зајакне гласот на граѓанските организации кои се залагаат за партиципативност, отвореност и отчетност на властите.
Со овој повик се покануваат сите заинтересирани граѓански организации формирани согласно Законот за здруженија и фондации да учествуваат во работата на мрежата.
Зачленувањето во мрежата се врши со пополнување и доставување на приложениот образец за членство до 30 декември 2019 година. Овој образец се доставува во електронска форма до sunchica.kostovska@fosm.mk до 30 декември 2019 година.
Доколку ви се потребни дополнителни информации или помош за пополнување на образецот може да се обратите на истата адреса или телефон 02 2477123, на Сунчица Костовска-Петровска, консултант за граѓанско општество во ФООМ.
По разгледување на формуларот од страна на Иницијативниот одбор организациите ќе бидат повратно информирани. Ве молиме да го проширите овој повик до сите потенцијално заинтересирани граѓански организации, ваши партнери и соработници, кои ги споделуваат вредностите за отворено владино партнерство и се залагаат за поголема партиципативност, отвореност и отчетност на властите, како на локално, така и на централно ниво, и воедно ги применуваат тие принципи во своето работење.
Декларација за отворено владино партнерство
Мрежа на граѓански организации за Отворено владино партнерство