akc3

Јакнење на капацитетите на руралните жени од Кривопаланечко

на дек 22, 21 • од

Голем број рурални жени се уште немаат доволно информации, знаење и вештини како да ги остварат своите права, меѓу кои правото на субвенции, услуги и сервиси од локалните и државните институции...
Pin It

Home » Активности » Јакнење на капацитетите на руралните жени од Кривопаланечко

Голем број рурални жени се уште немаат доволно информации, знаење и вештини како да ги остварат своите права, меѓу кои правото на субвенции, услуги и сервиси од локалните и државните институции.

akc4Ова е главниот заклучок од работилницата „Руралните жени- пристап до информации, услуги и сервиси“, што се одржа во селото Одрено, а ја спроведе здружението „Норгес Вел “ од Крива Паланка, во соработка со НВО Инфоцентар, на 17 декември, 2021 година.

На работилницата учествуваа повеќе жени земјоделки , кои ги посочија главните проблеми и предизвици со кои се соочуваат. За пристапот до потребните информации и услуги тие беа информирани од претставници од Одделението за јавни дејности, ЛЕР и ИТ и од подрачните служби од Крива Паланка.

„Оваа работилница беше можност за двонасочна комуникација на жените од руралните средини со претставници на општината и подрачните единици на релевантните институци, задолжени за услуги и информации. Се разви дебата за нивото на компетентост на административниот сектор во општината, а руралните жени побараа поедноставен пристап до потребните документи и информации што во еден организиран и поедноставен процес. Исто така, на работилницата детално се објасни и намената и пристапот до ИПАРД фондовите како голем бенефит за жените“, истакна Даниела Атанасовска, претседателка на „Норгес вел“.

Таа потенцираше дека жените се клучна алка во развојот на руралните области и националните економии. Тие сочинуваат 43 проценти од земјоделската работна сила ширум светот, а во некои држави овој процент се искачува дури и на 70 проценти.

Работилницата е реализирана во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, финансиски поддржан од Меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.

Извор: Куманово њуз

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top