download (2)

Медиумско огледало: Изборите ја влошија меѓународната позиција на Македонија

на јул 1, 08 • од

Според медиумите во државава, апсолутната победа на парламентарните избори, на мандатарот Груевски му овозможи да биде „сам на политичкиот врв“, што значи дека тој е „целосно политички одговорен за економскиот напредок и стабилноста на државата, за решавањето на спорот со Грција, како и за интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО“...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Медиумско огледало: Изборите ја влошија меѓународната позиција на Македонија

Според медиумите во државава, апсолутната победа на парламентарните избори, на мандатарот Груевски му овозможи да биде „сам на политичкиот врв“, што значи дека тој е „целосно политички одговорен за економскиот напредок и стабилноста на државата, за решавањето на спорот со Грција, како и за интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО“.

Нагласувајќи дека Груевски, од меѓународната заедница не доби многу честитки, туку, повеќе остри критики за лошо спроведениот изборен процес, медиумите заклучуваат дека со тоа се изгуби смислата на предвременните избори, дотолку повеќе што „освоеното мнозинство не ги намали тензиите во земјава, туку, напротив, иако ВМРО ДПМНЕ сега има стабилно мнозинство – има и дестабилизирана држава со многу влошена и неизвесна меѓународна положба“.

Во чекување на новата влада, медиумите очекуваат: „ВМРО-ДПМНЕ да покаже многу мудрост, тактичност и присебност за да формира нова влада која ќе го реши спорот со името како услов за влез во НАТО, а премиерот Груевски треба да размисли како ќе ги менаџира запалените меѓуетнички односи, за што тој е највиновен при што прв тест ќе му биде избор на албански партнер во Владата“.

Ова се резултатите од четвртиот и последен извештај на „Медиумско огледало – Парламентарни избори 2008“, програма за квалитативно набљудување на медиумите во Македонија, што ја спроведува НВО Инфоцентарот.

Мониторингот го опфаќа периодот од 2 до 18 јуни 2008 година и се однесува на 12 печатени и електронски медиуми  ( Вечер“, „Време“, „Дневник“, „Утрински весник“, „Коха“, „Шпиц“, ТВ „А1“, ТВ „Канал 5“, „МТВ 1“, „МТВ 2“, ТВ „Сител“ и ТВ „Алсат-М“).

„Медиумско огледало – Парламентарни избори 2008“, извештај бр. 4 (540KB)

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top