Untitled

Истражување: Предности и недостатоци на локалниот инспекциски надзор

на сеп 27, 22 • од

НВО Инфоцентарот со партнерските организации Спектар од Крива Паланка и Центар на заедницата на општина Струга, во рамки на проектот „Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните“, поддржан од програмата ЦИВИКА Мобилитас, подготви документ за предностите и недостатоците на локалниот инспекциски надзор во Република Северна Македонија. Преку призмата на искуствата и ставовите на локалните инспектори [&hellip...
Pin It

Home » Активности, Важни » Истражување: Предности и недостатоци на локалниот инспекциски надзор

НВО Инфоцентарот со партнерските организации Спектар од Крива Паланка и Центар на заедницата на општина Струга, во рамки на проектот „Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните“, поддржан од програмата ЦИВИКА Мобилитас, подготви документ за предностите и недостатоците на локалниот инспекциски надзор во Република Северна Македонија.

Преку призмата на искуствата и ставовите на локалните инспектори во државава, овој документ првенствено се фокусира на придобивките и слабостите на Законот за инспекциски надзор (ЗИН), кој беше усвоен во мај 2019 година, а почна да се применува шест месеци  подоцна односно во ноември истата година.

Целта на овој документ е да ги согледа позитивните страни на законот, но во исто време да ги детектира неговите слабости и да посочи евентуална потреба од дополнувања и измени.

Во рамки на истражувањето, НВО Инфоцентарот спроведе анонимна он-лајн анкета, преку која ги собра и ги синтетизираше искуствата на локалните инспектори од спроведувањето на Законот за инспекциски надзор и другите закони поврзани со нивната работа, како и нивните предлози за подобрување на законската рамка, самостојноста, ефикасноста и компетентноста на локалните инспекциски служби.

Дополнително, за потребите на истражувањето беа консултирани претставници на Инспекцискиот совет на РСМ (ИС) и други специјалисти од областа на инспекцискиот надзор.

Во овој документ се вградени и ставовите, искуствата и предлозите кои произлегоа од дебатата за Законот за инспекциски надзор, во септември 2022 година, како и од серијата работилници (16) за локалните инспектори од сите осум плански региони во државава, реализирани во периодот јули 2021 – јуни 2022 година, во соработка со Инспекцискиот совет на РСМ. На овие дебатата и на едукативните работилници посветени на ЗИН и на Законот за прекршоците, учествуваа над 200 локални инспектори, кандидати за инспектори и раководители на сектори или служби за инспекциски надзор во општините во државава.

Општинските инспекциски служби се исклучително важна алка во системот на инспекциски надзор односно во заштитата на јавниот интерес и на граѓаните во Република Северна Македонија. Но, наспроти ова, тие се уште се во сенка на државните инспекторати. Законот за инспекциски надзор (ЗИН) од 2019 година, до некаде ги изедначи општинските инспектори со оние на државно ниво, но тоа не е ни оддалеку доволно за да имаме ефикасна, компетентна, транспарентна и отпорна на корупција локална инспекција.

Општинските инспекциски служби и натаму се соочуваат со бројни проблеми.  Почнувајќи од самиот модел на општински инспекциски надзор односно фактот дека не се целосно самостојни и независни во својата работа од центрите на политичка и економска моќ, преку недоволната екипираност и опременост, па се до проблемите со кои се соочуваат кога ќе излезат на терен.

Ова недвосмислено го покажуваат резултатите од анонимната онлајн анкетата во која учествуваа 96 инспектори:

- Над 80% од општинските инспектори сметаат дека нивната инспекциска служба не е воопшто или не е доволно екипирана односно дека во речиси секоја општина недостигаат инспектори за определени области на инспекциски надзор. Според инспекторите, општинските инспекциски служби немаат ниту соодветна опрема за инспекциски надзор, возила, компјутери и др.

- Над 70% од локалните инспектори навеле дека постојниот модел на општински инспекциски надзор треба да претрпи измени. Речиси половина сметаат дека тој треба да биде заменет со инспекциски служби на регионално ниво, а  речиси една четвртина се залагаат за централизиран систем.

- Над 76% од општинските инспектори, го оценуваат Законот за инспекциски надзор како добар или многу добар, но исто така, наведуваат дека другите закони се уште не се усогласени со него и дека не се донесени сите подзаконски акти.

- Што се однесува до процесот на лиценцирање, над 70% од локалните инспектори дале високи оценки, но дел од  нив сметаат дека процесот на лиценцирање треба да се скрати, затоа што, општинските инспекциски служби се соочуваат со недостиг од инспектори и не можат навремено и ефикасно да спроведуваат инспекциски надзор.

- Во исто време, над 61% од инспекторите, целосно или делумно се согласуваат со исказот дека „Локалните инспектори не се независни во својата работа, затоа што се назначени од градоначалниците и ним им одговараат за својата работа“.

И покрај бројните подобрувања што ги донесе Законот за инспекциски надзор, неговата примена и досегашното искуство на локалните инспектори и специјалистите во оваа област, покажува дека се потребни дополнителни измени на законската регулатива, како и нејзино хармонизирање.

Досегашното искуство покажува дека потребни се промени и во самиот модел на локален инспекциски надзор. Инспекторите предлагаат два модели – регионално поврзување и централизиран систем.

Во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси за периодот 2021-2025, Државната комисија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (ДКСК) нотира дека општинскиот инспекцискиот надзор е една од областите каде се генерираат силни ризици од корупција. Според ДКСК, потребно е системски да се анализираат корупциските ризици во инспекциските служби, да се елиминираат, да се зајакне интегритетот и капацитетите на инспекторите, вклучувајќи ја и обврската да  поднесуваат пријава за нивниот имот и судир на интереси.

Имајќи го предвид сето ова, промените мора да бидат во насока на зајакнување на локалните инспекциски служби, зголемување на нивната компетентност, ефикасност, самостојност, независност, и отпорност на влијанија и корупција. Законските измени треба да се резултат на сеопфатна и темелна анализа, како и на директно сеопфатно консултирање и вклучување на локалните инспектори, надлежните институции и експертската јавност.

За целосниот текст на Истражувањето кликнете овде.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top