Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во соработка со НВО Инфоцентар и БИРН Македонија во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и слободата на медиумите 2014, објавуваат повик за доделување грантови за граѓански организации за акции поврзани со прибирање, обработка и анализа на податоци од локален, регионален или од национален интерес, за областите кои што се фокус на нивниот интерес и работење.
Предвидено е да се доделат осум (8) мали грантови во износ до 3.000 евра по грант(во денарска противвредност до 184.000 денари). Вкупниот износ на повикот изнесува 24.000 евра.
Апликациите да се достават до 1 април 2018 година. Активностите треба да се спроведуваат во период од 1 мај 2018 – 31 октомври 2018 година.
Проектна документација и детални упатсва за пополнување:
Повик за доделување грантови_ IPA2012-CSO-02
One Response to Повик за доделување грантови на граѓански организации