mkd-56975

И владиката Пимен цел на напади и дисквалификации за јавно изречен став

на мар 2, 16 • од

Причината за нападите и дисквалификациите од страна на претставниците на власта и нејзините поддржувачи е ФБ-коментарот на владиката Пимен, за поставувањето „двоглави орли и крстови“ низ Скопје, како и тензиите и инцидентите што ги предизвикуваат овие активности...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » И владиката Пимен цел на напади и дисквалификации за јавно изречен став

Цел на јавни напади и дисквалификации од страна на претставниците на власта и нејзините поддржувачи е и владиката Пимен односно неговиот ФБ-коментар за поставувањето „двоглави орли и крстови“ низ Скопје, како и тензиите и инцидентите што ги предизвикуваат овие активности.

Владиката Пимен, на 27 февруари, на својата Фејсбук страна напиша: „Орли и крстови. Провокации и паѓања на провокации. Обично, низ целиот свет, спомен обележја се ставаат како симбол на крај на безумства и крвопролевања. Кај нас обратно е. Се поставуваат за да почнат безумствата.“

Неговиот коментар набрзо беше објавен на социјалните мрежи и во медиумите. Наспроти бројната поддршка од граѓаните, коментарот на владиката Пимен, предизвика недолични напади и дисквалификации на негова адреса од страна на власта и нејзините поддржувачи.

Како одговор на овие напади, владиката Пимен, на 29 февруари, објави нов коментар: „Ок. Се предавам. Морав. Бидејќи испаѓа дека јас не сум знаел дека крстот бил христијански симбол и дека неговата спасителна улога во нашите животи е правопропорционална со неговата големина и висинаама, дека не сум знаел ни самиот што сум сакал да кажам. Ама ете, од друга страна, испадна дека има луѓе кои не само кодот на Да Винчи го открија, туку и кодот на Пимен. Замислете, владиката не го почитува крстот. И тоа не обичен мал крст, туку крштиште од 55 метри. Можете да замислите каков е мојот став, според нив, за сите поситни крстови, нели Туку бидете ми живи и здрави и носете си го крстот на плеќите. Еве и јас ќе го понесам овој и на свои плеќи, и на своја душа. А кога се носи крстот се примаат и навреди, и плукања и исмевања. Така барем нè учи Евангелието. И ај сега наградното прашање: Кој повеќе го возљубил крстот? Оние што плукаат или оној што прима плукања?

Но, тука не запреа нападите врз владиката. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија на својот ФБ профил, на 1 март, напиша подолг коментар исполнет со жестоко исмевање и етикетирање : „За жал одговори така како што очекував. Предвидливо. Полн со ароганција. Полн со самиот себе. Полн со самобендисаност. Вознесен од лајковите. Ти си единствениот владика кому лајковите му се поважни од се, па и од верата, и од работата, и од својот претпоставен во случајот Архиепископот Стефан. Лајкови денес на facebook може да добие секој шутрак и секоја бидала. Може да добие и циркузант, и некултурен човек. Колку повеќе будалаштини толку повеќе лајкови. Може да добијат и мудри луѓе, ама ним тоа не им е ни приоритет ни важно, ниту пак го сметаат за нешто што треба да им го одредува животот и постапките. Така се сеќавам пред две години како една професорка вознесена од лајковите се обиде да се кандидира за Претседател, па беше шокирана што 1000 потписи неможеше да собере. Лајковите не значат авторитет. Владика треба да има авторитет. Народот треба да го почитува, да не дели, туку да обединува. Ти се позиционира политички во општеството, и се раскара со пола народ. Имаш проблем со личната култура. Ја брукаш црквата. Тоа што ти немаш авторитет и си го рушиш самиот, допринесува да паѓа и авторитетот на црквата. Прибери се малку и воздржи се од незрели коментари во јавноста. Кога јавноста гледа дека недозреан човек станал владика и член на синодот, паѓа авторитетот на целата црква. Кај се чуло и видело владика да кисне на facebook и да биде политички коментатор за се и сешто. Ќе и навлечеш проблеми и негатива на МПЦ-оа. Не ти личи како владика јавно да плукаш по чин на кој централна фигура беше архиепископот, кого го нарече без памет, оти се ова било безумно нели, безумно значи без ум или без памет. Тоа што архиепископот се плаши со секој од вас во синодот да се конфронтира или да ве казни дури и кога го навредувате јавно, за што сигурно има дебела причина, не значи дека треба да бришете патос со него и со неговите постапки. Дај те молам не се брукај ни себе ни МПЦ-оа. Созреј побрзо кога веќе ни крив ни должен те назначиле за владика. Си седнал на facebook оговараш како стринка на чешма. Права теткица. Секој може и смее тоа да го прави како сака, и колку сака, ама ти си владика, треба да внимаваш на својот углед. Помисли малку на вредностите на христијанството. Треба да ги живееш, а не само да ги зборуваш кога ти треба да изгледаш попаметен или пофраерски. Ти треба да си пример за другите, со твоите постапки, со твојот живот, со твоето однесување, а не да станеш предмет на потсмев. Самобендисаноста не е христијанска вредност. Ниту ароганцијата е христијанска вредност. Горделивоста е грев. Седни и размисли малку пред да продолжиш да се конфронтираш со мене кој за добро ти се обраќам, иако сум поостар и поотворен отколку што треба. За твое добро, за добро на МПЦ-оа и на сите кои припаѓаат кон неа. Маалските итроштини од типот ,,кој е овој,, или ,,преку мене ќе се афирмира,, личат на тинејџер од 15 години. Ти имаш многу повеќе години и возраст од тоа, и што е најопасно, имаш и висока функција во црквата. Ти добро знаеш и кој сум и што сум. И народот кој гласал за мене, знае кој сум. Оној народ кој на секои избори го гледам во очи и ја барам неговата доверба давајќи отчет за сработеното. И за сите мои грешки и добри работи ќе се изјаснат граѓаните на следните избори. Ако сум грешел ќе ме казнат, ако сум работел добро ќе ми дадат доверба. Кажи ми ти кој отчет ти си го дал и пред кого? Пред верниците? Или пред архиепископот кого го множиш со нула велејќи му јавно дека е без ум, и тој и оние 6-7 свештени лица кои беа околу него на церемонијата. Од акање по кафичи и киснење на facebook, од конфронтирање и обид за правење некаков недозреан мангуп или маалски фраер, од алапачење по цел ден по социјалните мрежи, поп не бидува, а уште помалку владика. Личиш на неизживеан човек. Некој кој пред да стане владика никој за ништо ниту го прашувал ниту го слушал, па сега со мелење по цел ден по facebook и по кафичи ќе лечи комплекси од младоста. И тоа не е трагедија, да не беше владика во синодот. Ама ти си тоа, и затоа стави ги комплексите и фрустрациите на страна. Ти поминало времето да глумиш фраер или маалски мангуп. Уште помалку жртва. Ароганцијата, горделивоста и самобендисаноста ќе те уништат ако немаш поголема самоконтрола врз себе. Дојден си во лоша фаза. Се си подготвен да направиш и кажеш заради личен публицитет и за да ти се воодушеви групата на facebook. Луѓето мајтап играат со тебе, а ти си жив среќен од лајковите и коментарите. Но за жал, од вакви како тебе, се повеќе мајтап играат и со МПЦ-оа.“

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top