shi_paperslips2

Грантови за добро владеење

на јун 23, 14 • од

Фондацијата Метаморфозис во рамките на проектот „Акциска мрежа за добро владеење“, кој се спроведува во партнерство со МЦЕТ и Реактор, со финансиска помош од Европската комисија преку програмата IPA CIVIL SOCIETY FACILITY (CSF) 2012-2013, објавува конкурс за доделување грантови на граѓански организации кои ќе се занимаваат со проблеми поврзани со доброто владеење...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Грантови за добро владеење

Целта на конкурсот е да се обезбеди поддршка за граѓански организации преку доделување мали грантови во износ од 3000-5000 ЕУР кои ќе се занимаваат со проблеми поврзани со доброто владеење. Максималното времетраење на проектите треба да биде 5 (пет) месеци.

Проектот обезбедува поддршка за невладините организации кои работат или сакаат да работат на промоцијата, унапредувањето и спроведувањето на принципите на доброто владеење на локално и национално ниво во Република Македонија.

Целите на проектот се:

  1. Подобрување на вклученоста на граѓанското општество во креирањето на јавното мислење, креирањето политики и учеството во механизмите за донесување одлуки;
  2. Зголемување на капацитетите на граѓанското општество за справување со важни општествени прашања.

Со овој конкурс ќе се поддржат предлог проекти кои се иновативни и ќе постигнат влијание и кои:

  • Директно ги поддржуваат целите на Акциската мрежа за добро владеење
  • Покажуваат посветеност за ангажирање или мобилизирање на граѓаните
  • Нудат креативни и ефективни стратегии за пристап до информации и придонес кон политиките за транспарентност и отчетност;
  • Применуваат, кога е соодветно, стратегиско користење на новите медиуми во промоција на целите;
  • Промовираат интегрaтивен пристап со фокус на етникумите и родот;
  • Градат партнерства и коалиции, посебно кога се обработуваат тешки реформски прашања.

За сите грантисти, проектните партнери ќе обезбедат обуки и постојано менторирање врз основа на нивните специфични потреби.

Предност ќе имаат предлог пректите кои имаат обезбедено поддршка од општината или друга соодветна институција на локално или централно ниво каде што се спроведува проектот.

Краен рок за пријавување: 6 јули 2014

Пријавите треба да се поднесуваат по електронска пошта на: konkurs@metamorphosis.org.mk. Образецот за пополнување на апликацијата за грант може да се најде на овој линк.

Секоја апликација ќе биде првично оценета за да се гарантира дека таа ги исполнува основните барања и дека таа е во согласност со критериумите за квалификација, кои се:

  • Дадениот образец за пријавување и прилозите кон него да бидат користени и поднесени;
  • Образецот за пријавување да биде целосно пополнет и да ги вклучува потребните прилози;
  • Пријавата да биде поднесена пред истекот на крајниот рок;
  • Образецот за пријавување да не биде напишана на рака;
  • Побараната финансиска поддршка да не го надминува максималниот износ на грант наведен во овој конкурс;
  • Пријавата да не биде поднесена од политичка партија, профитна организација или граѓанска организација која промовира и користи насилство

Известувањето за резултатите од конкурсот ќе биде испратено до сите апликанти најдоцна до 21 јули 2014.

Резултатите ќе бидат објавени на следната веб локација: www.dobrovladeenje.mk

Доколку имате прашања или ви се потребни дополнителни информации за конкурсот, испратете порака по е-пошта на Елена Игнатова на elena@metamorphosis.org.mk.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top