01-FORUM-Lokalni-izbori-MK

Граѓанските приоритети и новите локални власти

на дек 28, 21 • од

Во рамки на проектот „Граѓанска алијанса за прогресивни промени на локално ниво“, поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска, во август 2021 година, во пресрет на Локалните избори 2021, се формираше Форум за граѓански дијалог. Форумот за граѓански дијалог е составен од шест партнерски граѓански организации (НВО Инфоцентар, Младински културен центар-Битола, Центар на заедницата [&hellip...
Pin It

Home » Активности, Анализи, Важни, Публикации » Граѓанските приоритети и новите локални власти

Во рамки на проектот „Граѓанска алијанса за прогресивни промени на локално ниво“, поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска, во август 2021 година, во пресрет на Локалните избори 2021, се формираше Форум за граѓански дијалог.

Форумот за граѓански дијалог е составен од шест партнерски граѓански организации (НВО Инфоцентар, Младински културен центар-Битола, Центар на заедницата на општина Струга, Гласен Текстилец, Мултикултура и Идеа ЈИЕ), во соработка со уште три граѓански организации – Спектар, Граѓанска иницијатива на жени од Свети Николе и Центар за развој на медиуми.

Основната цел на овој форум, во пресрет на локалните избори, беше да се поттикне директното учеството на граѓаните во јавната дискусија, во идентификувањето на локалните проблеми и потреби, како и во утврдувањето на главните приоритети во нивните локални заедници.

Форумот реализираше серија активности кои опфатија девет општини: Центар, Битола, Штип, Тетово, Струга, Кавадарци, Крива Паланка, Свети Николе и Демир Хисар. Во секоја од опфатените општини беа реализирани по две консултативни средби со граѓаните, како и по една јавна дебата на која кандидатите за градоначалници и кандидатите за советници, се соочија со граѓаните и директно ги слушнаа нивните барања и приоритети.

По конституирањето на новите локални власти, се одржаа средби со новоизбраните градоначалници и претставници на советите на кои се дискутираше за тоа дали и кои приоритети и барања на граѓаните ќе бидат реализирани.

Дел од партнерските организации спроведоа и онлајн анкети, фокус групи, средби и состаноци со неформални и формални целни групи за посеопфатно приоретизирање на потребите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните во своите локалните заедници.

01-FORUM-Lokalni-izbori-MK

Резиме

• Граѓаните утврдуваа приоритети во следните области: животна средина; урбанизам; комунални дејности; инфраструктура; локален економски развој; образование/ култура; социјална заштита; услуги за граѓаните; транспарентност и отчетност; функционална децентрализација; граѓанско учество, и ллади и младински политики.

• Трансверзални теми беа корупцијата и родовата еднаквост

• Беа спроведени две онлајн анкети кои опфатија над 150 граѓани кои се изјаснија за клучните приоритти и проблеми во нивните општини (Центар и Крива Паланка).

• Во сите девет општини беа одржани вкупно 18 консултативни средби со граѓаните (по две во секоа од вкллучените општини), 9 јавни дебати и средби со кандидатите за градоначалници и кандидатите за советници, како и 9 средби со избраните градоначалници и советници во локалните самоуправи.

• На консултативните средби и јавните дебати учествуваа околу 500 граѓани кои ги дадоа своите предлози и мислења.

• Граѓаните идентификуваа вкупно 250 приоритети.

• Во изборните програми на кандидатите за градоначалници беа опфатени повеќето граѓански приоритети и проблеми.

• Кандидатите за градоначалници генерално ги прифатија граѓанските приоритети.

• Новоизбраните градоначалници и советниците прифатија дел од граѓанските приоритети, но останува да се следи дали, колку и во која временска рамка ќе бидат реализирани.

Активностите беа реализирани во периодот август – декември 2021 година.

Форумот за граѓански дијалог ќе продолжи со активно и постојано следење на работата на новите локални власти, со посебен фокус реализацијата на клучните граѓански приоритети.

Интегрален текст на извештајот Gragjanski prioriteti na lokalno nivo

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top