11402844_10153469409511995_318681316378219307_n

Граѓанските организации со пораки до ЕУ и САД

на јун 9, 15 • од

Шеесет и едно здружение на граѓани се обрати денеска до меѓународната заедница, во пресрет на новата рунда преговори која треба да се одржи во Брисел, на 10-ти јуни, меѓу двајцата лидери на најголемите политички партии во Македонија, со посредништво на еврокомесарот Јоханес Хан...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Граѓанските организации со пораки до ЕУ и САД

Шеесет и едно здружение на граѓани се обрати денеска до меѓународната заедница, во пресрет на новата рунда преговори која треба да се одржи во Брисел, на 10-ти јуни, меѓу двајцата лидери на најголемите политички партии во Македонија, со посредништво на еврокомесарот Јоханес Хан.

Во писмото, упатено до амбасадорите на ЕУ и САД, организациите ја потсетуваат меѓународната заедница дека има одговорност за мирот, стабилноста и демократизацијата на нашата држава, како гаранти на Охридскиот рамковен договор од 2001 година. Ваквата одговорност подразбира помош за државата во суштинското решавање на политичката криза и искоренувањето на диктаторските практики на актуелната власт. Токму затоа, оваа политичка криза не смее да се набљудува како спор меѓу две партии, туку, како борба на граѓаните против автократската влада.

Писмото ви го пренесуваме во целост:

 

Писмо на граѓанските организации до ЕУ и САД:

Имаме заедничка одговорност во врска со стабилноста и демократизацијата на Македонија

 

Ова писмо ви го упатуваме во пресрет на новата рунда преговори која треба да се одржи во Брисел, на 10-ти јуни, меѓу двајцата лидери на најголемите политички партии во Македонија, со посредништво на еврокомесарот Јоханес Хан.

Поводот за нашето обраќање, покрај потребата уште еднаш да потсетиме на „црвените линии“ до кои може да се оди во преговорите, е изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан, дадена во САД, во која тој, последните парламентарни избори одржани во 2014 година, ги оквалификува како генерално позитивни  притоа, наведувајќи дека извештаите на ОБСЕ/ОДИХР констатираат генерално демократска атмосфера.

Поттикнати од ваквата изјава, сакаме да потсетиме дека ефикасно спроведени избори, воедно, не значат и фер и демократски избори. Да не заборавиме дека ОБСЕ/ОДИХР, во извештајот на кој се повикува комесарот Хан, се осврнуваат на низа недоследности и незаконитости во изборниот процес, почнувајќи од селективниот пристап на медиумите во информирањето, прогонот на неистомислениците, неподеленоста меѓу државата и партијата, како и констатацијата дека за време на изборите можеше да се почувствува структурно насилство кое пред сѐ, се однесува на државната администрација. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, во тоа време, не можеше да знае за содржината на разговорите во кои најтранспатентно се откриени методите на вршење изборно насилство и измами. Впрочем, невладините организации кои ги следеа изборите констатираа купување изборни гласови, агитација и притисоци врз вработените во државната администрација, некредибилност на избирачкиот список, како и неконтролирано издавање лични документи и низа други неправилности.

Во оваа смисла, изјавата на еврокомесарот Хан ја сметаме за крајно непринципиелна и во најмала рака, неиздржана особено ако се има предвид дека и самиот Хан, во истата изјава, наведува дека во разговорите објавени од опозицијата постојат содржини кој јасно укажуваат на кривични дела кои треба да се истражуваат.

Имајќи го сето ова предвид, за нас е нејасно кој е мотивот  на еврокомесарот Хан да даде позитивна оценка за изборите и дали тој алудира на тоа дека Груевски би можел да биде оној кој би ги спровел изборите и во 2016 година?

Владата на Никола Груевски има докажана практика на фалсификување избори со што сосема ја делигитимира волјата на граѓаните. Барањето Никола Груевски да даде оставка и да биде формирана преодна влада која би ги спровела предвремените избори во април 2016 година, се темели на ставот дека после објавувањето на „бомбите“ од страна на лидерот на СДСМ, владата на Никола Груевски нема никаков легитимитет да ги спроведе идните избори.

Дополнително, во овие разговори обелоденети од опозицијата се открива дека партиите на власт, воопшто не се воздржуваат од злоупотреба на институционалните механизми и на моќта која ја имаат од позиција на власт за да ги заплашуваат и уценуваат граѓаните, да се пресметуваат со неистомислениците или да ја дисциплинираат својата партиска војска. Притоа, нагласуваме дека таквата практика не е инцидент, туку воспоставено секојдневие со кое ние – граѓаните постојано се соочуваме. Дури и во овој период на преговори, Никола Груевски се служи со истите методи на притисоци, заплашување и гонење неистомисленици, за што говорат  заканите за апсења на новинари, запалени автомобили на опозициски активисти, физички напади врз граѓански активисти и опозиционери, кои не добиваат правна разрешница од страна на институциите.

Токму затоа, Груевски мора да поднесе оставка како чин на политичка одговорност за се што до сега има направено. Неговата оставка подразбира дека ниту тој, ниту неговиот тим на министри, немаат кредибилитет да бидат дел од преодната влада која би имала за цел да ја реши длабоката политичка криза во Македонија и да организира фер, слободни и демократски избори.

Дополнително, потсетуваме дека истовремено со изборот на преодната влада, неопходни се и неколку структурни реформи: прочистување на избирачкиот список, ослободување на јавниот радиодифузен сервис – МРТ од контрола на власта и избор на независен јавен обвинител.

Би сакале да ѝ порачаме на Европската Унија дека таа има посебна одговорност во  спроведувањето на европските вредности, како што се демократијата, владеењето на правото и заштита на човековите права, во Македонија. ЕУ и САД, исто така, имаат одговорност за мирот, стабилноста и демократизацијата на нашата држава, како гаранти на Охридскиот рамковен договор од 2001 година. Ваквата одговорност подразбира помош за државата во суштинското решавање на политичката криза и искоренувањето на диктаторските практики на актуелната власт. Токму затоа, оваа политичка криза не смее да се набљудува како спор меѓу две партии, туку, како борба на граѓаните против автократската влада.

Во спротивно, доколку ЕУ и САД ги релативизираат длабоките проблеми со демократијата и функционирањето на институциите во Македонија, би можеле да помогнат во одржување на диктатурата и да предизвикаат огромно разочарување кај про – европските граѓани кои се искрено определени за демократска и просперитетна Македонија.

 

Со почит,

  1. Платформа за граѓанска политика “Ајде!”
  2. Здружение “НОВУС”
  3. Новинари за чoвекoви права
  4. Здружение на граѓани Контрапункт
  5. ЈАДРО – асоцијација на независниот културен сектор
  6. Ромски едукативен центар Амбрела
  7. НВО Инфоцентар
  8. ПРОФИЦИО-Мултиетничка толеранција преку економски проесперитет
  9. Младински културен центар – Битола
  10. Македонски центар за европско образование
  11. Здружение Иницијативен глас Прилеп
  12. Центар за современи уметности
  13. Интернет Хотлјан Провајдер Македонија
  14. Вратете насмевка Велес
  15. Фондација Отворено општество – Македонија
  16. Транспарентност Македонија
  17. Здружение за млади АДОЛУС СР
  18. Здружението за локален развој Акција Плус Ресен
  19. Здружение за заштита на културниот идентитет на Египќаните ИЗИДА 41/21 Ресен
  20. Хуманитарно и Добротворно Здружение на Ромската интелигенција “Anglunipe”
  21. Здружение за економско – политички истражувања и анализи КВАНТУМ ПРИМА Кавадарци
  22. Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
  23. Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници – Скопје
  24. Здружение Женски Форум- Тетово
  25. Асоцијација за демократска иницијатива (АДИ)
  26. Здружение за млади, демократија и човекови права УФУК
  27. Центар за меѓуетничка толеранција и бегалци Скопје
  28. ЗЗП Агро-Струмешница
  29. Здружение за култура и уметност “СЦЕНА”
  30. ЗЗП Агро-Баница (Agro-Banica)
  31. Здружение на граѓани “Храна за сите – Банка за храна Македонија“
  32. Здружение на учесници во вооружените дејствија при одбраната на суверенитетот на РМ 2001/2002 – Прилеп
  33. Организација на жени од Струмица
  34. Центар за стратегии и развој ПАКТИС – Прилеп
  35. ФОРУМ, Центар за стратегиски истражувања и документација, Скопје;
  36. РУРАЛНА КОАЛИЦИЈА – Куманово
  37. Метаморфозис, Фондација за интернет и општество
  38. Републичко синдикално сдружување за земјоделски СПАС – Новаци
  39. Иницијативен глас – Прилеп
  40. Еколошко друштво Планетум – Струмица.
  41. Центар за демократски развој и иницијативи (ЦДРИМ)
  42. Сојуз на синдикати на земјоделски производи – Струмица
  43. Здружение на земјоделски производители – Агросојуз
  44. Регионален центар за одржлив развој – Кратово
  45. Центар за истражување на безбедносни политики Секуритас, Битола
  46. Центар за развој на медиуми
  47. Младинска алијанса – Тетово
  48. Еснаф на Стара Скопска Чаршија
  49. Здружение за помош на социјално исклучени лица и ризични групи “Скорпион“
  50. Здружение на граѓани „ПАТОКАЗИ“ Гевгелија
  51. Институт Прогрес
  52. Здружение Јустиција
  53. Македонско европско движење
  54. Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар
  55. ЦИВИЛ
  56. ЛГБТИ Центар за поддршка
  57. ПРОЕКТ-ЕУ, Кавадарци
  58. Плоштад Слобода
  59. Факултет за работи што не се учат
  60. Иницијатива ГО САКАМ ГТЦ
  61. Здружение за граѓанско општество 8-ми Септември, Скопјe

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top