343016-rna-phone-tapping-rep-image-ed

Граѓанските организации мета на прислушување

на јун 8, 15 • од

НВО Инфоцентарот е само една од десетината граѓански организации кои со години биле мета на прислушување...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Граѓанските организации мета на прислушување

37та „бомба“, која на денешната прес-конференција ја објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се однесува на прислушувањето на граѓанскиот сектор. Материјалите со кои располага СДСМ покажуваат дека повеќе од десетина активни граѓански организации биле прислушувани со години.

НВО Инфоцентар, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Транспарентност Македонија, Фондацијата Отворено општество – Македонија, ЦИВИЛ – Центар за слобода, Истражувачкиот центар за граѓанско општество, Граѓанската платформа АЈДЕ!, Центарот за стратешки анализи Форум, Македонскиот центар за европско образование и Фондацијата Метаморфозис  се само дел од прислушуваните организации, а според Заев, бројот е многу поголем.

Денеска наброените организации ќе добијат снимки и транскрипти , а разговорите нема да бидат јавно објавени.  Организациите биле прислушувани најчесто преку нивните  раководители, но неретко и преку останати активисти.

Прислушуваните организации се дел од најактивните во македонскиот граѓански сектор  и претежно работат во областите човекови права, слобода на изразување, демократизација на општеството, транспарентност и сл.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top