platforma1

Граѓанските организации преку заедничка Платформа ќе се залагаат за одржливост на програмите за ХИВ-превенција и поддршка

на мај 30, 14 • од

Националното партнерство помеѓу владини институции, граѓански организации, верски заедници, мултилатерални организации и приватниот сектор во изминатите 10 години обезбеди значајни суми за финансирање на националниот одговор на ХИВ, преку грантовите од Глобалниот фонд во вредност од над 10 милиони евра...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Граѓанските организации преку заедничка Платформа ќе се залагаат за одржливост на програмите за ХИВ-превенција и поддршка

Националното партнерство помеѓу владини институции, граѓански организации, верски заедници, мултилатерални организации и приватниот сектор во изминатите 10 години обезбеди значајни суми за финансирање на националниот одговор на ХИВ, преку грантовите од Глобалниот фонд во вредност од над 10 милиони евра. Како резултат на тоа од 2004 година досега е воспоставена широка мрежа на граѓански организации и организации на најзасегнатите заедници кои нудат услуги за превенција на ХИВ, како и грижа и поддршка за групите под особен ризик од овој вирус. Успешно спроведуваните програми придонеса Република Македенија да остане земја со ниска стапка на инфекција.

Финансиската поддршка за овие програми од страна на Глобалниот фонд се очекува да продолжи до крајот на 2016 година, по што Република Македонија веќе нема да се квалификува како примател на донаторските средства. Во моментов не постои утврден план на национално ниво којшто би предвидел како државата ќе го преземе финансирањето на овие јавноздравствени програми од исклучителен јавен интерес. Обврската за обезбедување одржливост на програмите за превенција, грижа и поддршка во врска со ХИВ Република Македонија ја презеде уште со првото аплицирање за финансиска помош од Глобалниот фонд во 2003 година.

16 граѓански организации, кои се главните имплементатори на овие програми во соработка со Министерството за здравство, формираа платформа за застапување за одржливост на програмите воспоставени преку донациите од Глобалниот фонд. Платформата ќе се застапува за обезбедување финансиска одржливост на сервисите за превенција, грижа и поддршка за ХИВ преку нивна интеграција во постоечките национални превентивни програми како и програмите на локалната самоуправа до крајот на 2016 година.Преку заедничко и координирано делување Платформата ќе понуди решенија и модели за ефикасно преземање на обврските за финансирање од страна на Република Македонија по повлекувањето на Глобалниот фонд.

Националните програми за ХИВ вклучуваат обезбедување пристап до мерки за превенција на инфекцијата, едукација на целните групи, рано откривање на ХИВ-инфекцијата преку принципот на доброволно и доверливо советување и психосоцијална поддршка за корисниците на услугите, како и за лицата што живеат со ХИВ. Преку овие активности значително се надминуваат стигмата и дискриминацијата поврзани со ХИВ, кои се една од главните пречки за успешно справување со епидемијата, како на глобално, така и на национално ниво. Обезбедувањето на континуитет во функционирањето на овие програми ќе биде нужен влог во одржувањето на ниската стапка на ХИВ-инфекција во Република Македонија, а воедно ќе го заштити правото на здравје на особено ранливите категории на граѓани.

Учесници во Платформата се здруженијата: ХЕРА, ХОПС, Заедно посилни, ЕГАЛ, Доверба, СТАР-СТАР, Црвен крст, Опција – Охрид, Зона – Кавадарци, Центар за унапредување на јавен живот – Тетово, ХЕЛП – Гостивар, Младински Клуб –Штип, Избор –Струмица, ПУЛС – Куманово, Интер етник проект –Гостивар, Виа Вита – Битола.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top