logo gzm

Граѓанска дебата за слободно општество и социјална правда

на фев 12, 16 • од

Во организација на Коалицијата “Граѓаните за Македонија”, во вторник, 16 февруари 2016 година, во хотелот Холидеј Ин во Скопје ќе се одржи Граѓанска дебата за слободно општество и социјална правда...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Граѓанска дебата за слободно општество и социјална правда

12670060_957624977650824_7830814641763170436_n

 

 

Целта на оваа граѓанска дебата е да се зајакне комуникацијата и размената на идеи и ставови меѓу факторите во граѓанското општество, да се усогласат минимум заеднички вредности и позиции во однос на општествено-политичката криза во државата и да се испратат пораки за кои ќе се побара мислење и поддршка од широкото граѓанско општество и од политичките фактори во државата.

Токму во овој момент, кога политичката криза ескалира, слободата и понатаму е загрозена, живејачката не се подобрува, а следуваат парламентарни избори од пресудно значење за натамошниот развој на Македонија, важно е да усогласиме и да испратиме пораки за приоритетите на граѓанското општество и за она што граѓаните го очекуваат од политичките актери како излез од оваа состојба во која се наоѓаме.

Имајќи ги предвид разноликостите во ставовите и капацитетот кај граѓанските организации, ваквата јавна граѓанска дебата и подоцнежните пораки ќе бидат силен симбол дека граѓанските организации и активисти имаат капацитет за дијалог, дискусија и испраќање заеднички ставови до пошироката јавност и до сите релевантни политички актери. Настанот е отворен за сите заинтересирани посетители. 

АГЕНДА

10:30 – 11:00 РЕГИСТРАЦИЈА НА УЧЕСНИЦИТЕ

11:00 – 13:00 ПАНЕЛ: ПОМЕЃУ ИДЕЈАТА ЗА СЛОБОДА И ЗАРОБЕНАТА ДРЖАВА
Прашања за дискусија:
– Кои се критериумите за слободни, фер и демократски избори во Македонија?
– Како да го вратиме јавниот интерес во медиумскиот простор?
– Како државата треба да ги штити човековите права?
– Кои се предусловите за суштинско граѓанско учество?

Говорници:
– Џабир Дерала, Цивил – центар за слобода
– Билјана Бејкова, НВО Инфоцентар
– Суад Мисини, аналитичар и активист за човекови права 
– Мирјана Најчевска, универзитетски професор
– Миша Поповиќ, Институт за демократија – Социетас Цивилис
– Љубиша Арсиќ, новинар

Модератор и известувачи од дебатата:
– Марјан Забрчанец, коалиција “Граѓаните за Македонија”
– Петрит Сарачини, граѓански активист за граѓански слободи
– Бојан Маричиќ, Македонски центар за европско образование

13:30 – 15:30 ПАНЕЛ: ПРЕКУ СОЦИЈАЛНА ПРАВДА ДО ПОДОБРА ЖИВЕЈАЧКА
Прашања за дискусија:
– Кои се критериумите за квалитетен живот и подобра живејчка?
– За што треба да се трошат јавните пари?
– Како да избегнеме банкрот на државата?
– Како до нови и достоинствени работни места?
– Кои се обврските на државата во обезбедувањето социјална правда?

Говорници: 
– Бранимир Јовановиќ, аналитичар
– Абдулменаф Беџети, универзитетски професор
– Петар Гошев, поранешен гувернер, министер и пратеник
– Борјан Ѓузелов, Македонски центар за меѓународна соработка 
– Дона Костуранова, Младински образовен форум
– Јасминка Фришчиќ, ЕСЕ – Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените 
– Душко Груевски, За нас се работи – Битола

Модератор и известувачи од дебатата:
– Огнен Јанески, новинар и граѓански активист
– Анета Додевска, новинарка од областа на економијата
– Џелал Хоџиќ, граѓански активист за социјални прашања

*На настанот ќе биде обезбеден превод од македонски на албански јазик и обратно.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top