Граѓанската организација Норгес Вел, во соработка со НВО Инфоцентарот, карате клубот „Шампион“ и Општина Крива Паланка, а во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“,на 28 ноември 2020, организираше граѓанска спортска акција за децата во Крива Паланка, насловена: „Ние спортуваме – дистанца одржуваме – мерки почитуваме!“.
Околу триесет дечиња заедно со карате клубот Шампион, под водство на тренерот Жарко Ангеловски, а во присуство на градоначалникот Борјанчо Мицевски, претставници на граѓански организации и граѓани, одржаа тренинг на отворено, со почитување на сите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19.
Пораката на оваа граѓанска акција е дека во услови на глобална пандемија многу е важно да покажеме општествена одговорност, но и да го одржиме психичкото и физичкото здравје, особено кај децата кои се повеќе се дружат со технологијата, а се помалку се надвор, на чист воздух и на сонце.
И градоначалникот Мицевски, истакна дека ваквите граѓански активности во услови на пандемија, кога е ограничено движењето на луѓето се исклучитено важни, зашто придонесуваат кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, и на тој начин овозможуваат полесно справување со предизвиците што ни ги донесе пандемијата.