За да го поттикне директното учеството на граѓаните во утврдувањето на главните приоритети во нивните локални заедници, Форумот за граѓански дијалог, во пресрет на Локалните избори 2021, организираше серија консултативни средби во девет општини: Центар, Битола, Штип, Тетово, Струга, Кавадарци, Крива Паланка, Свети Николе и Демир Хисар.
- Беа спроведени две онлајн анкети кои опфатија над 150 граѓани кои се изјаснија за клучните приоритети и проблеми во нивните општини (Центар и Крива Паланка).
- Беа одржани 18 консултативни средби со граѓаните, 9 јавни дебати и средби со кандидатите за градоначалници и кандидатите за советници, како и 9 средби со избраните градоначалници и советници во локалните самоуправи.
- На консултативните средби и јавните дебати учествуваа околу 500 граѓани кои ги дадоа своите предлози и мислења.
- Имајќи ги предвиди спецификите на секоја од општините се идентификуваа и серија специфични проблеми и приоритети:
• Општина Центар: Спроведување ефективни политики за решавање на аерозагадувањето, сообраќајната преоптовареност и неконтролираната градба.
• Општина Струга: Одржливо управувањето и спречување на узурпацијата на крајбрежниот појас на Охридското езеро и заштита на старото градско јадро.
• Општина Битола: Воведување топлификација и гасификација, како и нов ГУП за градот.
• Општина Свети Николе: Ставање во функија на пречистителната станица за отпадни води, која е набавена, но се уште не е во употреба.
• Општина Штип: Изградба и уредување на планираниот студентски град.
• Општина Кавадарци: Хангар за дестилат од грозје, креирање регионален откупен центар за грозје и на други производи карактеристични за овој регион.
• Општина Демир Хисар: Реконструкција и регулирање на водоводната мрежа во руралните средини, кои што се снабдуваат од извори и спречување на неконтролираното губење чиста вода за пиење.
• Општина Крива Паланка: Нов ГУП за градот и ДУП за десниот брег зафатен од трасите на железницата и автопатот од Коридорот 8.
• Општина Тетово: Организирање инфо-пунктови на Попова Шапка, политики и активности од областа на културата и уметноста.