classica_stop-sign_simple-black_512x512

Граѓаните и слободата на изразување – заложници и жртви на власта

на јул 21, 15 • од

Само во последниве неколку месеци, сведоци сме на се поинтензивна и континуирана црна кампања и хајка против студентите, средношколците, граѓанските активисти и критичките новинари. Сведоци сме и на прекумерната употреба на сила за време на протестите на 5 мај, на приведувањето и осудувањето учесници во протестите, на ограниченото право на протести пред зградата на Владата, како и на десетината физички напади врз новинари, сопственици на медиуми, граѓански активисти и опозиционери...
Pin It

Home » Активности, Слобода за слободата на изразување » Граѓаните и слободата на изразување – заложници и жртви на власта

НВО Инфоцентарот изразува голема загриженост заради постојаното и се позачестено загрозување и атакување на слободата на изразување, слободата на здружување и правото на мирен протест на граѓаните во Република Македонија.

Само во последниве неколку  месеци, сведоци сме на се поинтензивна и континуирана црна кампања и хајка против студентите, средношколците, граѓанските активисти и критичките новинари. Сведоци сме и на прекумерната употреба на сила за време на протестите на 5 мај, на приведувањето и осудувањето учесници во протестите, на ограниченото право на протести пред зградата на Владата, како и на десетината физички напади врз новинари, сопственици на медиуми, граѓански активисти и опозиционери. Последен во низата вакви напади е синоќешниот насилнички инцидент врз сопственикот на порталот Доказ.мк.

Она што особено нѐ загрижува е фактот дека власта не само што не ја спречува атмосферата на непријателство и директна пресметка со неистомислениците, туку дополнително ја засилува и ја поттикнува. Вицепремиерот Владимир Пешевски, на пример, сѐ уште не поднесе оставка иако без какво било оправдување удри новинар.

Едновремено, надлежните институции или несоодветно  реагираат или се многу бавни во расветлувањето на нападите врз новинарите и активистите. Досега ниту еден случај не е целосно и до крај расветлен.

Имајќи го предвид сето ова, нашата загриженост е голема, затоа што Македонија наместо да биде демократска и правна држава, стана држава во која граѓаните се заложници и жртви на власт која нема демократски капацитет и која безмилосно ги крши нивните основни човекови права и слободи.  

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top