odbrana

Граѓаните бараат гаранции за подорување на квалитетот на живеење

на сеп 5, 17 • од

Неформалната инцијатива „Во одбрана на Дебар Маало“ се обрати денеска до раководствата на политичките партија и до нивните потенцијални кандидати за градоначалник и советници во Општина Центар, и ја упати Платформата „Здравјето пред профитот“...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Граѓаните бараат гаранции за подорување на квалитетот на живеење

Неформалната инцијатива „Во одбрана на Дебар Маало“ се обрати денеска до раководствата на политичките партија и до нивните потенцијални кандидати за градоначалник и советници во Општина Центар, и ја упати Платформата „Здравјето пред профитот“.

Платформата содржи редица барања со кои граѓаните на Центар очекуваат да се остварат нивните права, а квалитетот на животот постојано да се подобрува согласно стандардите за урбаното живеење во 21 век.

Иницијативата им порача на политичките партии: „На овие локални избори ќе ги гласаме само оние кандидати кои ќе понудат програма за поквалитетен живот во Општина Центар врз база на нашата платформа и кои експлицитно ќе се обврзат дека ќе ја реализираат во предвидениот мандат.“

Во четириесет и три точки од Платформата граѓаните бараат подобрување на законско и транспарентно работење на општината, ревидирање на веќе усвоени ДУП-ови, правичен и неселективен ангажман на инспекциските служби и соработка со Државни инспекторати, решенија за сообраќај и животна средина што гарантираат здравје и безбедност, и ред други мерки кои ќе гарантираат зголемено учество на граѓаните и одговорно работење на општината.

Во прилог е интегралниот текст од Платформата „Здравјето пред профитот“.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top