1512105_839764109416475_1655960951167795265_o

„АЈДЕ!” за случајот „Пуч“: Граѓаните имаат право на вистината!

на фев 6, 15 • од

Ние, членовите и поддржувачите на АЈДЕ! – Платформа за граѓанска политика, со големо внимание, но и со голема загриженост ги следиме настаните поврзани со случајот „Пуч“. Сметаме дека граѓаните на Република Македонија мора да ја дознаат вистината, затоа што, тоа е нивно право и од тоа зависи нашата иднината, но и иднината на нашата држава. [&hellip...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » „АЈДЕ!” за случајот „Пуч“: Граѓаните имаат право на вистината!

Ние, членовите и поддржувачите на АЈДЕ! – Платформа за граѓанска политика, со големо внимание, но и со голема загриженост ги следиме настаните поврзани со случајот „Пуч“. Сметаме дека граѓаните на Република Македонија мора да ја дознаат вистината, затоа што, тоа е нивно право и од тоа зависи нашата иднината, но и иднината на нашата држава.

Ние, граѓаните, едноставно и единствено, ја бараме вистината!

Знаеме дека постојат организации и поединци кои ја следат ситуацијата и кои ќе застанат во заштитат на правата на граѓанките и на граѓаните. Бараме простор за нив во јавноста! Внимателно ги следиме медиумите, критички размислуваме, и препознаваме кој организирано и тенденциозно шири дезинформации и страв во јавноста, а кој информира и објавува факти.

За нас е најважна вистината и затоа, бараме да се објави без какви било притисоци, закани и уцени спрема оние кои сакаат да ѝ служат.

Свесни за нашето право, бараме од државните институциите да не ја заробуваат слободата. Бараме од власта и од партиите, да се однесуваат одговорно и да не се ставаат над Уставот и над законите!

АЈДЕ! да се бориме за нашето право на вистина и на слобода!

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top