koalicija

Градот Скопје спонзор на дискриминирачки и хомофобичен фестивал

на јун 10, 15 • од

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ најостро го осудува тенденциозното ширење на говор на омраза, хомофобија и дискриминација од страна на организаторите на меѓународниот „Мото фестивал“ и Градот Скопје како официјален и главен покровител на настанот...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Градот Скопје спонзор на дискриминирачки и хомофобичен фестивал

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ најостро го осудува тенденциозното ширење на говор на омраза, хомофобија и дискриминација од страна на организаторите на меѓународниот „Мото фестивал“ и  Градот Скопје како официјален и главен покровител на настанот.

„Жално е и застрашувачки што оваа тенденција се повторува веќе неколку години, и покрај недвосмислените укази и реакции од здруженијата на граѓани и релевантните институции. За потсетување, истата ситуација ја имавме и во 2010 и 2011 година. Во тие прилики, Коалицијата реагираше и до Народниот правобранител и до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, по што следуваше, од страна на Народниот правобранител, опомена до Градот Скопје. И покрај тоа што Градот им се извини на сите граѓани поради дискриминаторските пораки, и се обврза на идно спречување на дискриминација, оваа година можеме да заклучиме дека изјавата и намерите на градот биле неискрени и лицемерни. Постерот за најава на Мото фестивал 2015 повторно го содржи хомофобичните симбол, односно знак од двајца мажи во сексуална поза пречкртан со црвено, односно како индекс за забрана, ставен веднаш покрај забраната за присуство на сатанисти (симболички обележано со 666), животни, оружје, ножеви и запаливи материјали.“ истакнуваат од Коалицијата.

За Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ е апсолутно недозволиво Градот Скопје, со пари кои ги собира од даноците на сите нас граѓаните да ја продолжува оваа хомофобична и дискриминаторска практика.

Во своето соопштение, Коалицијата бара Градот Скопје веднаш да го повлече спонзорството на фестивалот, да им се извини на сите граѓани директно навредени и дискриминирани со ваквите содржини и да преземи афирмативни и директни активности со кои ќе ги покаже своите заложби за недискриминација и почит и толеранција кон ЛГБТИ граѓаните

Коалицијата повикува и на јавен бојкот на Мото фестивалот, а најави и тужби и претставки против организаторите и Градот Скопје.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top