koce

Градоначалникот Трајановски сака на граѓаните да им ги ограничи и слободата на изразување и слободата на движење

на јун 22, 16 • од

По завршувањето на масовниот граѓански протест на Шарената револуција во Скопје, на 20 јуни годинава, градоначалникот на Скопје даде дискриминирачка изјава, во која меѓу другото рече: „..Барам да не доаѓаат со автобуси од други градови за да го уништуваат главниот град...“...
Pin It

Home » Активности, Слобода за слободата на изразување » Градоначалникот Трајановски сака на граѓаните да им ги ограничи и слободата на изразување и слободата на движење

По завршувањето на масовниот граѓански протест на Шарената револуција во Скопје, на 20 јуни годинава, градоначалникот Коце Трајановски изјави:

Барам да престанат да го тероризираат главниот град. Барам да ги остават граѓаните на градот Скопје на мир. Барам да не ги држат во заложништво граѓаните на градот Скопје. Исто така барам да не доаѓаат со автобуси од други градови за да го уништуваат главниот град. Нека дојдат како мирољубиви граѓани, нека бидат во Скопје, нека уживаат и нека се вратат во своите градови, а не да дојдат да го уништуваат главниот град“.

Оваа изјава на скопскиот градоначалник не само што е проблематична и контроверзна, туку е и дискриминирачка бидејќи со неа  тој ја обелодени својата намера на граѓаните да им ја ограничи и слободата на изразување и слободата на движење во Скопје, главниот град на Република Македонија.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top