Како што информира порталот Сакам да кажам, поголема група битолчани по протестот на ГДОМ на 10 мај 2016 година, се упатила пред куќата на еден од водачите на „Битолското движење“, Илија Балтовски во населбата „Недопирливи“ во Битола:
„Според очевидци групата извикувала погрдни зборови и пцовки за Балтовски, викале „Уа!“ и свиреле. Во тоа време дома било неговото семејство кое се исплашило, а Балтовски не бил дома. Бил на протести. Настанот ги вознемирил и соседите. Инцидентот настанал веднаш по протестот на ГДОМ во Битола. Дел од приврзаниците на оваа невладина организација што ја поддржува власта на овој начин го изразиле револтот за уличната герила која во последните денови ја тресе Битола, барајќи оставка од помилуваниот градоначалник Владимир Талески.
Заедно со групата која пред домот на Балтовски заминала по протестот на ГДОМ, пристигнала и полиција која спечила да дојде до поголем инцидент. Балтовски и неговите соработници вечерва беа недостапни за медиумите…“
Извор: Сакам да кажам