Според најновиот извештај на „Фридом Хаус“, Македонија заедно со Хондурас и Малдивите го изгубила статусот на изборна демократија и е оценета како делумно слободна држава. Македонија со оценка 3,5 е рангирана меѓу земјите со делумна слобода, заедно со Албанија, Босна, Косово и Црна Гора. На скалата од 1 до 7, политичките права во државата се оценети со – 4, додека граѓанските слободи со – 3.
Во извештајот се наведува дека владејачката партија била вмешана во изборна измама и експанзивно прислушување, со што го влошила политичкиот ќорсокак со опозицијата:„На крајот тоа ја натера ЕУ да се вмеша и да договори предвремени избори за годинава“.
Карактеристично за последниот извештај на „Фридом Хаус“ е и тоа што во 2014 година бројот на држави во кои е регистриран пад на слободите е најголем во последните 10 години. Само 43 земји покажале напредок, додека бројот на слободни земји е намален за три во споредба со 2014 година – Доминиканска Република, Лесото и Црна Гора.