Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) во рамките на проектот „Општина по мерка на граѓаните“ објавува конкурс за ангажирање на:
- 3 (три) координатори за реализација на проектните активности во Центарот на заедницата во општина Центар,
- 3 (три) координатори за реализација на проектните активности во Центарот на заедницата во општина Струмица
- 4 (четири) координатори за реализација на проектните активности во Центарот на заедницата во општина Струга.
ФООМ во соработка со општините Центар, Струмица и Струга го спроведува проектот „Општина по мерка на граѓаните“, со цел да придонесe во активно вклучување на граѓаните во подготовката и носењето на локалните политики и во обезбедувањето квалитетни општински услуги. Во рамките на проектот предвидено е формирање на Центар на заедницата (во секоја од трите општини), кој ќе обезбеди правна и административна помош за граѓаните во општината; неформално образование за младите и возрасните; и поддршка на младински, граѓански и културни иницијативи. Ангажманот на координаторите во Центарот на заедницата е на определено работно време од 4 месеци (до декември 2014 год.), со можност за етапно продолжување до декември 2015 год., односно 2016 и 2017 год.
Конкурсот трае до 15 август (петок) 2014 година.
Повеќе информации за условите и потребната документација за пријавување ќе најдете овде.