logo300_10011

Електрични возила како алтернатива на аерозагадувањето

на јун 24, 14 • од

Здружението за електрични возила Електромобилност Македонија, Ве поканува на работилница "Електрични возила како алтернатива на аерозагадувањето". Работилницата ќе се одржи на 26 Јуни (Четврток) при Институтот за моторни возила и хомологација, на кампусот на Електротехнички и Машински факултет во Скопје со почеток во 10:30 часот...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Електрични возила како алтернатива на аерозагадувањето

Здружението за електрични возила Електромобилност Македонија, Ве поканува на работилница Електрични возила како алтернатива на аерозагадувањето. Работилницата ќе се одржи на 26 Јуни (Четврток) при Институтот за моторни возила и хомологација, на кампусот на Електротехнички и Машински факултет во Скопје со почеток во 10:30 часот.

На работилницата ќе биде организиран мал е-саем на електромобили, а посетителите ќе имаа можност за пробно возење на електричните возила. Исто така, присутните ќе можат, во текот на денот, да ги разгледаат лабораториите на Институтот за моторни возила и центарот за хомологација при Машинскиот факултет.

ЗОШТО ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ?

Електричните возила трошат значително помалку енергија од оние возила што работат со мотор со внатрешно согорување, генерираат значително помалку емисија на CO2 и други штетни гасови, потивки се во однос на возилата со мотори на внатрешно согорување, придонесуваат за намалување на бучавата во урбаните средини а со тоа и подобри животни и работни услови и го намалува нивото на стрес кај луѓето, придонесуваат за намалување на загадувањето на почвата и водата, а нивното долгорочно користење ќе придонесе во зголемувањето на конкурентноста во транспортниот сектор, посебно заради значително пониските трошоци при експлоатација на возилата во текот на нивниот животен век.

Ограниченоста на нафтените резерви и континуиран раст на цената на нафтата и нафтените деривати, од една страна и можностите за искористување на обновливи извори (ветер, вода, сонце) за добивање електрична енергија, од друга страна, зборуваат за можностите кои ги нудат електричните возила. Македонија има 230-280 сончеви денови во текот на годината. Покрај споменатите факти, треба да се земе во предвид дека електричните возила имаат значително помалку физички делови за одржување, споредбено со конвенционалните, поради што и трошоците за одржување се значително помали а со тоа и оперативните трошоци.

Повеќе за електричните возила како алтернатива на загадувањето ќе прочитате во анализата, ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА – Aлтернатива на загадувањето.

Агендата за работилницата:

WS-EVs-as-an-alternative-to-AirPllution

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top