Во организација на Здружението „Една може!“ во недела, 15 мај, во 11 часот во Паркот на франкофонијата ќе се одржи креативна дружба и работилница за деца, со идеја сензибилизација и афирмација на еднородителските семејства.
Родителите ќе се дружат, а децата ќе се „вентилираат“ преку креативно изразување и ќе креираат цртежи кои потоа ќе се употребат како дизајн и печатење платнени торби.
За Здружението Една може!: Здружението Една може! Скопје е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско, самостојно, здружение, формирано со слободно здружување на граѓаните поради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското, родово рамноправно општество и локалните самоуправи, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вредности, зајакнување на родовите односи, меѓуетничкиотдијалог и економскиот развој на самохраните родители и деца на територијата на Р. Македонија.
Настанот е поддржани од проектот „Застапување за слобода на изразување“ на НВО Инфоцентарот и ЦРМ. Оваа акција е овозможена со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува ФООМ.