НВО Инфоцентарот во соработка со ЗЕУКС Тритон донираше канти за ѓубре на 11 месни заедници во општината Маврово и Ростуше, во рамки на граѓанската акција за мапирање на дивите депонии во Долнореканскиот крај, како дел од проектот „Ативни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од меѓународниот центар Улоф Палме.
Кантите, деновиве, активистите на Тритон и претставници од месните заедници ги поставија на најфреквентните места во Скудриње, Присојница, Јанче, Аџиевци, Ростуше, Велебрдо, Битуше, Требиште, Видуше, Жировница и Врбјане.