Документарниот филм BT – TOXIC, направен по иницијатива на здружението „За нас се работи“, е посветен на проблемот со аерозагадувањето во Битола.
Во документарецот учествуваат членови од здружението “За нас се работи”, медицински лица, стручни лица од РЕК – Битола, претставници од еколошки здруженија од Македонија, претставници од министерство за животна средина, членови од здружението “Битола на точак“ и претставници од Институтот за јавно здравје.
BT – TOXIC е изработен во рамките на проектот “Граѓанска вклученост за решавање на проблемите во животната средина” подржан од УСАИД и ФООМ.