ss20_2_m5_001_l

Дојче Веле: Граѓанскиот активизам наспроти политичкиот дилетантизам

на фев 9, 16 • од

Процесот на будење и активирање на граѓаните не е ни лесен, ниту брз, но се случува и во Македонија зема се` поголем замав, се вели во статијата на Дојче Веле на македонски јазик објавена на 8 февруари 2016 година...
Pin It

Home » Активности, Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Дојче Веле: Граѓанскиот активизам наспроти политичкиот дилетантизам

На 8 февруари 2016 година, новинарот Костадин Делимитов, на Дојче Веле, објави статија посветена на граѓанскиот активиzам во Македонија.

Во текстот меѓу другото се вели:

„ Цивилниот сектор во Македонија се мобилизира во битката за демократија и ослободување на општеството од политичките стеги. Активностите на терен кои посебно се изразени последнава година се засилуваат, се заговараат разни методи на делување со единствена цел – мобилизација на граѓаните.

Граѓанските активисти стануваат се` погласни, но дали се реално и доволно моќни навистина да станат предводници на промените? Процесот на будење и активирање на граѓаните, според активистите, е тежок и нималку лесен процес, посебно во Македонија. Причините се повеќе фактори, но клучниот е целосната целосната партизација на општеството: „Ние во Македонија сме сведоци на тоа дека партиите на власт, во изминатите десет години, целосно ги партизираа државата и државните институции, а граѓаните ги ставија или во улога на пасивни набљудувачи или во улога на нивни покорни послушници и извршители. Политиката е за граѓаните и на граѓаните, но партизацијата ги крши нивните основни права и слободи, и води кон колективизација, во која нема место за човекот и граѓаните, туку само за некоја празна форма која се вика народ. Во една таква ситуација, кога власта постојано ‘труби’ дека политиката им е иманентна само на политичките партии, граѓанските организации и граѓанските активисти се соочени со еден голем предизвик, а тоа е мобилизацијата и активирањето на граѓаните. Мислам дека не постои само еден начин и само еден пат на мобилизација и активирање на граѓаните. Потребно е тие да се охрабрат, да се поддржат, да се информираат, да се едуцираат, да се поврзат меѓусебно и така, да бараат директно учество во креирањето политики и да почнат да веруваат дека промените зависат токму од нив. Годината што е зад нас покажа дека се` повеќе луѓе се ослободуваат од стравот и дека се подготвени да се борат против режимот, а за промени кои значат слобода, правда, благосостојба. Процесот на будење и активирање на граѓаните не е ниту лесен, ниту брз, но се случува и зема се поголем замав. Во сето тоа граѓанските организации и активисти имаат своја значајна улога особено оние кои со години ја следат работата на власта и укажуваа на злоупотребите”, коментира Билјана Бејкова, граѓански активист. “

Целиот текст може да го прочитете на интернет страницата на Дојче Веле.

 

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top