Јубилејната десетта меѓународна конференција „е-Општество.мк“ ќе се одржи на 11 декември, а годинава на тема „Човекови права на интернет – Слобода на изразување, говор на омраза и приватност во дигиталниот свет“. Конференцијата ќе се одвиваво просториите на Сити Хол, во Скопје, со почеток во 10.00 часот.
Настанот ќе го отвори г-ѓа Лоранс Оер, амбасадорка на Франција во Р.Македонија, а воведни говори ќе имаат и г-н Ралф Брет, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, г-н Лирим Шабани, министер за локална самоуправа, г-н Робин Лидел, г-н Робин Лидл, министер советник, Делегација на Европска Унија, г-н Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација, г-ѓа Катрин-Амели Шасан, генерален секретар на Меѓународниот институт за човекови права и мир, и г-н Бардил Јашари, директор на фондацијата Метамофозис.
Конференцијата се спроведува во рамки на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“, а во соработка со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен и претставува продолжување на долгогодишната соработка на Метаморфозис и регионот Долна Нормандија во областа на човековите права.
Хаштаг за настанот е: #esociety14