konf metamorfozis

Ден на Мајкрософт посветен на НВО секторот

на мар 18, 15 • од

Преку програмата за софтверски донации Мајкрософт им овозможува на непрофитните организации да добиваат софтверски донации преку Мајкрософт и нивниот партнер TechSoup Global...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Ден на Мајкрософт посветен на НВО секторот

Денот на Мајкрософт посветен на НВО секторот кој се одржa на 17 март, организиран од страна на Фондацијата Метаморфозис со поддршка на Мајкрософт, кој им овозможува на претставниците на граѓанскиот сектор да дознаат повеќе за можноста да добијат софтверски донации од програмата на „Microsoft Technology for Good“ за поддршка на граѓанскиот сектор. На овој настан за прв пат е објавена и можноста за Мајкрософт Office 365 за невладиниот сектор и во Македонија  спроведена од страна на Метаморфозис преку партнерот Теchsoup Balkans.

Преку програмата за софтверски донации Мајкрософт им овозможува на непрофитните организации да добиваат софтверски донации преку Мајкрософт и нивниот партнер TechSoup Global.

Настанот го отворија генералниот менаџер на Мајкрософт Македонија г. Стефан Плавјански и Филип Стојановски програмскиот директор на Фондацијата Метаморфозис.

„Свесни сме дека непрофитните организации играат необично важна улога во секоја заедница ширум светот. Ние во Микрософт од секогаш сме ја препознавале важноста на работата на непрофитните организации и верувавме дека може да им помогнеме со тоа што ќе има ја ставиме на располагање нашата најнова технологија.  Така, во рамки на нашите програми за општествена одговорност ние ја креиравме иницијативата Technology for good за да придонесеме кон решавање на комплексните социјални и општествени проблеми. На тој начин, со давање на моќна технологија во рацете на невладините организации, веруваме дека може да ја поттикнеме нивната продуктивност, да ја зголемиме ефективноста, за да можат нивните услуги да станат достапни на што поголеми заедници и индивидуалци кои имаат потреба од нив.  Софтверски донации реализиравме во повеќе од 125 земји во светот во вредност од повеќе од 940 милиони долари во тек на последната година. Во Македонија во последнети две години дониравме повеќе од 800 лиценци на невладини организации во вредност од над 500.000 долари.“, изјави Стефан Плавјански.

“Метаморфозис по втор пат со Мајкрософт го организира Денот за соработка со НВО-секторот како дел од нашите континуирани напори за градење на капацитетите на граѓанските организации, со цел тие да станат поефикасни, подобри и поактивни во исполнување на нивните мисии.  Метаморфозис го помага градењето на капацитетите на НВО преку ширење знаење со помош на обуки и менторства, обезбедување пристап до знаења преку издавачка дејност, а и преку обезбедување пристап до софтвер, при што во рамки на платформата Techsoup Balkans тој пристап е во форма на софтверски донации. Во партнерство со Мајкрософт, Метаморфозис на НВО од Македонија, Косово и Албанија нуди можности за добивање легален софтвер во форма на донации. Платформата овозможува поголема независност на НВО кои може при планирање проекти да бараат и средства за софтверска поддршка, имајќи ги предвид ниските трошоци кои во вакви случаи се минимални и може да опфаќаат плаќање административни трошоци.Како дел од платформата, Метаморфозис овозможува и директни консултации за НВО во рамки на отворените денови (секој втор петок), како и на индивидуално барање, со цел што повеќе организации од Македонија да имаат прилика да ги искористат можностите за донации.“ – изјави Филип Стојановски.

“Платформата на Оffice 365 сега е достапна и за Невладините Организации во Македонија. Оffice 365 е платформа за комуникација и колаборација и е на располагање како донација за непрофитните и невладините организации. Платформата нуди: онлајн верзија на Office пакетот; простор за складирање и споделување на датотеки; e-пошта, контакти и споделени календари; интранет сајт за тимска соработка; неограничен број на онлајн средби, инстант пораки и HD видео конференции преку Lync; корпоративна социјална мрежа. Ова е нова значајна инвестиција на Мајкрост, да помогне на невладините организации да се фокусираат на реализација на своите општествено корисни мисии, без да водат грижа и да инвестираат во технологија. “- истакна Влора Адеми, Business Development Manager –Education, Microsoft

Хаштаг за настанот е: #msngoMK

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top