Националниот совет за евроинтеграции (НСЕИ), на 4 февруари, во Собранието на Република Македонија, организира јавна дебата посветена на „Улогата на граѓанскиот сектор во процесот на европска интеграција на Република Македонија“.
На дебатата се поканети голем број претставници на граѓанските оранизации во државава, а се очекува да присуствуваат и претставници од Комисијата за европски прашања,Комисијата за надворешни работи и Мешовитиот парламентарен комитет на РМ и ЕУ.
Инаку, во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во 2015 година, за граѓанскиот сектор, меѓудругото, се констатира дека:
- Системот за распределба на средства за граѓанското општество останува неефикасно и неефективно.
- Владината стратегија за соработка со граѓанскиот сектор е неадекватно имплементирана поради недостиг на политичка волја, административниж капацитети и ресурси.
- НВО и натаму значително се зависни од странски средства.
- Организациите на граѓанското општество и понатаму се загрижени за заложбите на Владата за воспоставување дијалог
- Акцискиот план 2015- 2017 се уште не е усвоен.
- Работната група за Законот за здруженија и фондации се уште не е формирана.
- Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество исто така се уште не е формирана.
- Вклученоста и партиципацијата на граѓанските организации (ГО) во процесот на креирање политики е недоволен. – ЕНЕР не се употребува за повеќето предлог – закони.
- Кодексот на добри практики за учество на ГО во процесот на креирање политики не е доследно спроведен.
- Локалните власти немаат капацитет да обезбедат соработка со ГО.