12670060_957624977650824_7830814641763170436_n

Дебата за слободното општество и социјалната правда

на фев 16, 16 • од

Неформалната граѓанска коалиција „Граѓаните за Македонија“, на 16 февруари 2016, организираше дебата за слободното општество и социјалната правда...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Дебата за слободното општество и социјалната правда

Неформалната граѓанска коалиција „Граѓаните за Македонија“, на 16 февруари 2016, организираше дебата за слободното општество и социјалната правда.

Целта на граѓанската дебата бепе да се зајакне комуникацијата и размената на идеи и ставови меѓу факторите во граѓанското општество, да се усогласат заедничките вредности и позиции во однос на општествено-политичката криза во државата и да се испратат пораки за кои ќе се побара мислење и поддршка од широкото граѓанско општество и од политичките фактори во државата.

Токму во овој момент, кога политичката криза ескалира, слободата и понатаму е загрозена, живејачката не се подобрува, а следуваат парламентарни избори од пресудно значење за натамошниот развој на Македонија, важно е да усогласиме и да испратиме пораки за приоритетите на граѓанското општество и за она што граѓаните го очекуваат од политичките актери како излез од оваа состојба во која се наоѓаме.

Имајќи ги предвид разноликостите во ставовите и капацитетот кај граѓанските организации, ваквата јавна граѓанска дебата и подоцнежните пораки ќе бидат силен симбол дека граѓанските организации и активисти имаат капацитет за дијалог, дискусија и испраќање заеднички ставови до пошироката јавност и до сите релевантни политички актери.  

На првата панел дискусија: ПОМЕЃУ ИДЕЈАТА ЗА СЛОБОДА И ЗАРОБЕНАТА ДРЖАВА,  говорници беа  Билјана Еверт, Цивил – центар за слобода, Билјана Бејкова, НВО Инфоцентар, Суад Мисини, аналитичар и активист за човекови права, Мирјана Најчевска, универзитетски професор , Миша Поповиќ, Институт за демократија – Социетас Цивилис,  Љубиша Арсиќ, новинар.

На втората панел дискусија: ПРЕКУ СОЦИЈАЛНА ПРАВДА ДО ПОДОБРА ЖИВЕЈАЧКА, говорници беа Бранимир Јовановиќ, аналитичар, Абдулменаф Беџети, универзитетски професор, Петар Гошев, поранешен гувернер, министер и пратеник, Борјан Ѓузелов, Македонски центар за меѓународна соработка, Дона Костуранова, Младински образовен форум, Јасминка Фришчиќ, ЕСЕ – Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените и  Душко Груевски, За нас се работи – Битола. 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top