1526473_10154011600061449_3025786852526183481_n

Дебата: Дали преговарачкиот процес можеше да биде поотворен за граѓаните?

на мар 19, 16 • од

Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), НВО Инфоцентар и 8ми Септември организираат дебата „Дали можеше преговарачкиот процес да биде поотворен за граѓаните?“,која ќе се одржи на 24 март (четврток), во Јавна соба, Скопје. со почеток во 10:30 часот...
Pin It

Home » Активности, Слобода за слободата на изразување » Дебата: Дали преговарачкиот процес можеше да биде поотворен за граѓаните?

Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), НВО Инфоцентар и 8ми Септември организираат дебата „Дали можеше преговарачкиот процес да биде поотворен за граѓаните?“,која ќе се одржи на 24 март (четврток), во Јавна соба, Скопје. со почеток во 10:30 часот.

Оваа дебата е дел од проектот „Граѓаните за демократски реформи“.

• Дали преговарачкиот процес за излез од политичката криза е доволно транспарентен?

• Дали граѓаните се доволно информирани или целиот процес се одвива зад затворени врати?

• Каква е улогата на медиумите во креирањето на јавното мислење за преговарачкиот процес?

Одговор на овие прашања ќе се обидат да дадат: Билјана Бејкова (НВО Инфоцентар), Марјан Забрчанец (Граѓаните за Македонија), Јован Близнаковски (ИДСЦС) и Васко Попетрески (новинар).

Дебатата ќе ја модерира Бојан Маричиќ (извршен директор на МЦЕО).

Доколку имате дополнителни прашања или сакате да го потврдите вашето присуство, сторете го тоа на електронска пошта на адреса: hristena@mcet.org.mk или на телефон 077 / 707 899.

Проектот „Граѓаните за демократски реформи“ е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top