ss20_2_m5_001_l

Дебата: Поттикнување активно граѓанство

на мај 26, 14 • од

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија (ССНМ) организираат на јавната дебата на тема „Поттикнување на активно граѓанство“, на 28.05.2014 (среда) во 12 часот, во просториите на ИОХН...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Дебата: Поттикнување активно граѓанство

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија (ССНМ) го спроведуваат проектот „Градење на алијанси за слободно новинарство и демократско општество“ во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество спроведуван од Фондацијата отворено општество- Македонија.

Проектот има за цел да отвори широка општествена дебата за важноста на медиумската слобода за општиот прогрес на граѓаните, како и вмрежување на граѓански организации кои ќе придонесат кон зајакнување на новинарската слобода и јакнење на демократијата. Во рамки на проектот се одржуваат јавни дебати низ градовите во Република Македонија, каде можат да се вклучат поголем број граѓани.

Со таа цел, Ве покануваме да учествувате на јавната дебата на тема „Поттикнување на активно граѓанство“ која ќе се одржи на 28.05.2014 (среда) во 12часот, во просториите на Институтот за општествени и хуманистички науки- Скопје. Дебатата ќе отвори дискусија како да се поттикне учеството на граѓаните во политичките процеси со напуштање на ставот и стравот дека не можат ништо да променат или дека ќе бидат партиски етикетирани.

На дебатата ќе говорат: Катерина Колозова, Драган Антоновски, Петрит Сарачини и Бесим Небиу.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top