Дебата: Навредата и клеветата – јамка за слободата на изразување?

на ное 4, 14 • од

Во организација на Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) на 7 ноември 2014 (петок), во Клубот на новинарите, со почеток во 11.00 часот ќе се одржи дебатата „Навредата и клеветата – јамка за слободата на изразување?“...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Дебата: Навредата и клеветата – јамка за слободата на изразување?

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во рамките на  проектот на УСАИД за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера,на 7 ноември  2014 (петок), во Клубот на новинарите, со почеток во 11.00 часот, организира дебата: „Навредата и клеветата – јамка за слободата на изразување?“

Како панелисти ќе учествуваат: директорката за право на Media Legal Defence Initiative (МЛДИ) од Лондон, Нани Јансен, адвокатот Филип Медарски, уредничката на неделникот „Фокус“, Јадранка Костова, уредникот на Слободен печат и Плусинфо, Бранко Героски, уредникот на порталот „Либертас“, Ацо Кабранов, новинарот Синиша Станковиќ и претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани.

На настанот ќе биде презентиран третитот извештај од мониторингот на судските случаи за навреда и клевета, кој го спроведува Центарот за развој на медиуми и кој го опфаќа периодот од јули до октомври  2014 година.

Нани Јенсен е правник и адвокат која активно работи на заштита и застапувањето на новинарите во светот, пред домашните и меѓународните судови. МЛДИ е меѓународна иницијатива која им дава поддршка на новинарите во заштитата на нивните права. Оваа организација во соработка со Центарот за развој на медиуми, веќе неколку години континуирано им обезбедува правна помош и на новинарите во Република Македонија.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top